Archive for April 17th, 2008

Секоја чест…Селтикси

Photobucket

Најголемиот пресврт во историјата на лигата за некого можеби и беше очекуван, но имаше доста ликови кои се сомневаа во тоа дека Селтикси во една сезона можат од дното да стигнат до врвот на Истокот. И не само на Истокот, туку и до врвот на лигата со убедлив скор и со изненадувачка доминација во дуелите со тимовите од Западот.

Сепак, Кеј-Џи ефектот по се изгледа е нешто кое не смее да се занемари, исто како и фактот дека момакот прооаѓаше во Минесота. Факт е дека на Кевин му се потребни големи соиграчи за голем успех, (на кого не му требаат), но исто така е факт дека тој е најзаслужен за враќањето на кошарката во Бостон. МВП сезона покрај него има и Пол Пирс, кој дочека Бостон да биде пак елитен тим.

Но, игрите на Гарнет, Пирс и третиот член на Д Биг Три, Реј Ален, се она што можеше да се очекува уште во октомври. Она што изненади многумина е зрелоста во играта на Рејџон Рондо, кој според мене е еден од водечките кандидати за Мост Импрувд. Пријатно изненади и Кендрик Перкинс, како и камбекот на тренерските способности на Док Риверс. Тука е Лион Поу, кој имаше одлични задњи месец и пол од сезната, “Биг Бејби” Дејвис, кој на некои средби беше голем фактор, презимењакот на Реј, Тончи, кој се вклопи во улогата на дифенсив стопер, Поузи - кој се вклопи во улогата на 10. човек, Скалабрини - кој се вклопи во улогата на втора маскота на тимот покрај Лепраконот, Сем “И-Ти” Кесел, кој иако дојде касно, заедно со Пи-Џеј може да биде голем фактор во плеј-офот. Еди “црната дупка” Хаус си погоди тоа што требаше да погоди, а Скот Полард продолжи да си пушта брада на клупата и да се дружи со Скала.

После 20 години, Бостон пак живее за кошарката и го има статусот на еден од најголемите, ако не и најголемиот фаворит за титулата. Некој да го кажеше тоа пред година дена, ќе го стрпаа во истото жолто комбе во кое ќе ги носеа оние кои рекоа дека Хорнетси ќе бидат втори на Западот.

15 comments April 17th, 2008


Календар

April 2008
M T W T F S S
« Mar   May »
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
282930  

Архива

Категории