Секоја чест…Хорнетси

Пред некои шест месеци секој кој ќе спомнеше дека Хорнетси имаат шанса да се борат за врвот на Западот или пак дека на крајот од сезоната ќе бидат втори во многу посилната конференција, ќе му викнеа жолто комбе.
Но, момците на Бајрон Скот не само што до последен миг беа во игра за првото место на Западот, туку и на крајот ја освоија титулата во најјаката дивизија во лигата. И тоа пред триото од Тексас - Сан Антонио, Далас и Хјустон. Е тоа е стварно нешто.
Крис Пол покажа дека е зрел да биде лидер на еден силен тим, Дејвид Вест излезе од анонимноста во голем стил и патем стана ол-стар играч, Тајсон Чендлер по кој знае кој пат покажа дека Џери Краус, а и неговиот наследник во Чикаго, немаат поим од она пто би требало да биде нивна работа, Пеџа се врати на нивото кое беше некогаш и се најде во идеален клуб за него каде тој нема да ја глуми улогата на лидер, нешто за што никогаш не го бивало, Мо Пит избега од Торонто и си најде тим во кој може да се вклопи, Џенаро Парго ја истакна кандидатурата за најдобра резерва на плеј, но и на двојка, а иначе и тој во пакет со Тајсон дојде во Њу Орлеанс, Бонзи си ја пронајде минутажата и може да да биде нивни џокер во плеј-офот…и на крај, Скот покажа дека израсна во голем тренер изминативе неколку години, исто како што и покажа дека за неговите тимови да бидат конкурентни потребен му е елитен плеј. Тоа секако е Крис Пол, најдобриот плеј во НБА во моментов.
Секоја чест, Хорнетси за фантастичниот успех, кој кога ќе се погледне малку пошироко е најголемиот подарок што тие можеа да му го дадат на својот град и фанови, кои се уште се немаат вратено во нормала.
24 comments April 16th, 2008