Archive for April 15th, 2008

Секоја чест…Хоукси…(Конечно!)

Photobucket

Бидна. Деветте посни години завршија. Знам дека за многумина од вас тоа што Хоукси, кои имаат негативен скор, ќе играат во плеј-офот не значи ама баш ништо, посебно со оглед на тоа дека тие идат на Бостон во серија која сите очекуваат да заврши со чисти 4-0.

Не е битно, па и стварно да биде метла за Селтикси. Битно е што Атланта после доооолго време пак ќе го помириса плеј-офот и конечно пак ќе има полна и бучна арена барем две вечери по ред. Од времето на Дикембе, Стив Смит и Муки (1999), Хоукси не играле во плеј-офот кога после победата над Детроит паднаа со 0-4 против Њујорк. Тој тим на Атланта и не ми беше нешто посебно симпатичен, а уште се ежам кога ќе ми текне дека Тајрон Корбин беше стартна тројка тие години.

Рибилдингот траеше подолго од очекуваното, што е и нормално со оглед дека за Смит го добија Ајзеа Рајдер во трејд кој ги врати неколку години назад. Тоа што сега Рајдер е во апс доволно кажува со каков лик си имаа работа и кој требаше да биде нивниот лидер на стартот на овој милениум. Ситуацијата со газдите кои сакаа/не сакаа да дадат пари за нови играчи и кои се судрија за трејдот за Џо Џонсон само уште повеќе ги направи смешка низ лигата за малку сведувајќи ги на нивото на Клиперси на Истокот.

Сега воздухот е многу почист и иако мислам дека Биби не е идеалниот плеј за нив, индината е многу посветла. Џо би можел да биде малку погласен како лидер, Марвин би можел конечно да го покаже целиот свој потенцијал, Џош би можел помалку да шутира тројки, Чилдрес би можел да се ишиша, Биби да подели некоја асистенција плус…Вудсон да биде подобар тренер. Од Ал не барам ништо, момакот си е супер.

Доминик конечно може да се насмее.

* * * * * * *

ПС: Синоќа Милвоки и Чикаго одиграа средба со нулта тежина во која рукито кој ја расипа вечерта на Аринас пред некое време, Рамон Сешнс го направи она што не му пошло од рака на никој во историјата на Милвоки, па ни на Биг О. Момакот подели одлични 24 асистенции, а имаше и 20 поени и осум скокови. Свака част, Рамон.

14 comments April 15th, 2008


Календар

April 2008
M T W T F S S
« Mar   May »
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
282930  

Архива

Категории