Далас ќе игра во плеј-офот…исто како и Денвер
Сликава кажува се за тоа како се чувствуваа сабајлево во Оукленд, посебно Берон кој ни со трипл-дабл (но и слаб шут од игра од 9-25) не успеа да го спречи враќањето на Вориорси два чекори назад во трката за задњите плеј-оф места. Сега Денвер, после големата победа (иако имаа и минус 16 во првата четвртина) е турбо тимот кој го држи осмото место во свои раце.
И Нагетси и Вориорси до крајот имаат по три меча, а Голден Стејт мора да победи на сите три и да се надева на кикс на Денвер на две средби. Но, Вориорси покрај двете веројатни победи со Сиетл и Клиперси дома, имаат и гостување во Аризона, каде Санси играат се подобро и се борат за што повисоко место на Западот. Денвер ќе победи со Мемфис (би требало), а мислам дека ќе го добие и Хјустон дома, додека посетата на ЈУта е нешто што ни еден тим не го посакува многу-многу сезонава.
Мавси веќе не се дел од оваа трка откако Диркулес со голема тројка му ја донесе 50. победа на Далас и загарантиран пласман во разигрувањето.
Кога сме на тој дуел со Јута, финишот беше луд, а сцената за Дирк ја постави Дерон со својата клач тројка од табла за изедначување. Но, таа тројка изгледа ги изннеади и неговите соиграчи, па никој не се врати на време во одбрана и направија таква грешка да го остават актуелниот МВП сам.
14 comments April 11th, 2008
