Момци кои веројатно нема да ги освојат наградите кои ги заслужуваат
На помалку од десет дена пред крајот на сезоната, мислам дека е време да ги промовирам моите кандидати за МВП и за ROY.

Прво со она што мене повеќе ми значи, како еден од ретките фанови на Атланта на планетава.Ал Хорфорд за “Руки на Годината“! Знам дека Дурент има подобри бројки (од аспект на постигнати поени), но Ал е многу важен дел од тим кој (би требал) ќе игра плеј-оф, и тоа по пауза од цели девет години.
Момакот е блиску до дабл-дабл просек и игра позрело од многумина на негови години. Без него Хоукси немаше да бидат во позиција да го држат во канџи осмото место на Истокот. Дурент е единствениот противкандидат, кој веројатно и ќе ја лапне наградата. Но, улогата на Кевин и на Ал е сосема различна во два тима со тотално различни амбиции.
Додека Ал не е прва ѕвезда во Хоукси, и покрај тоа успева да има добри бројки, Дурент пак има тотална слобода на секоја средба на Соникси, без некоја последица ако било што згреши, а имаше едно чудо грешки и слабо партии оваа сезона во која Сиетл е еден од најбедните тимови во лигата.
По некој глас заслужуваат и Ал Торнтон и Џамарио Мун.
* * * * * * *

Со ова знам дека многу од вас нема да се сложат, ама…Крис Пол за МВП!.
Да. Коби и Лејкерси се страшни сезонава, исто како и Бостон со Кеј-Џи, но додека имаше понекој кој тоа го очекуваше од нив до одреден степен, нема тип кој може да ме убеди дека верувал дека Њу Орлеанс на недела дена до крајот на сезоната ќе биде на врвот на Западот пред Сан Антонио, Феникс, Далас, Лејкерси, па и пред Хјустон и Денвер. Причината за тоа е едноставна и се вика - Крис Пол. Секој кој го гледал момакот оваа сезона знае за што зборувам, а Пол дефинитвно е најдобриот плеј во лигата оваа сезона, и тоа во конкуренција на момци како Нешти, Кид и Дерон Вилијамс.
Е сега, и покрај ова некако не ми се верува дека наградата ќе му биде дадена на Пол. Се ми мириса на Гарнет, како главен за рекордниот препород на Бостон (што е навистина така) или па Коби, како поправање за грепките од минатото. Леброн нема шанси, иако има страшни бројки. И тоа е тоа.
17 comments April 8th, 2008