Некој го расипа камбекот на Жилберто
Омилениот НБА блогер Гилберт Аринас, исто како и Елтон Бренд и Дирк Новицки, се врати синоќа на теренот по подолгата пауза, но неговиот камбек го расипа Рамон Сешнс од Милвоки, анонимусот кој погоди голем шут за победа откако баш Аринас погоди две слободни на 1,1 секунди до крајот за водство на Визардси.
Жилберто одигра доста добро постигнувајќи 17 поени во 20 минути, но како што е некое непишано правило во Вашингтон оваа сезона, пак не поминаа без повреда. Дешон Стивенсон, а и Ентоан Џејмисон се пожалија на повреди и нивната состојба би требала да се знае денес или утре. По камбекот на Аринас, секоја лоша вест за овие двајца пред плеј-офот пак би била сериозен удар врз Визардси. Да биде сликата комплетна, и Карон Батлер се мачи со болки во препоните.
ПС: За Хоукси не пишувам ништо се додека и дефинитивно не го прекинат деветгодишниот плеј-оф пост. Чисто против уроци.
ПС1: Како што стојат работите, Далас сепак ќе игра во разигрувањето. Вориорси избраа погрешен момент за колапс во Тексас.
10 comments April 3rd, 2008