Archive for April, 2008
Искрено, само Јута ќе беше тимот кој ќе ми го расипеше ливчето доколку поминав во кладилница вчера. Другото што се деси, меѓу кое и победите на Њу Орлеанс и Сан Антонио, беа нешто што го очекував. Да не зборам за победата на Детроит.
Настрана катастрофата на Јута, која од еден од најдобрите напади во лигата синоќа стана напад на нивото на Никси, очекукав елиминации на Феникс и Далас. Неколку луѓе со кои се најдов во муабет на тема плеј-оф ми рекоа дека нема шанси Мавси или Санси да испаднат така рано и дека, барем во случајот на Феникс, тие сигурно ќе тепаат во гости.
Мене ништо до сега во тие две серии не ми даде знак дека такво нешто е можно, така да, иако потајно сакав триумф на Санси, знаев дека најверојатно сезоните за Феникс и Далас ќе завршат синоќа.
Мавси посебно не покажаа апсолутно ништо во овој плеј-оф, а таквиот тренд на потпросечни игри тие го имаа и во текот на сезоната, така да тоа не беше изненадување. И пред трејдот за Кид, и после тоа, нешто чудно ми се дешаваше со тој тим, а веројатно последиците од елиминацијата лани од Вориорси и сомнежот кој се створи помеѓу играчите, направија штета која не можеше да се поправи.
Тука е и немоќта на Ејвори Џонсон да ги стави работите под контрола, како и секогаш манијакалното однесување на Марк Кјубан, кој сака целото внимание да го свртува кон себе.
Сега за очекување се промени во Далас, од тренерот, до Џош Хауард, кој беше тотална утка во овој плеј-оф. Кид ќе мора да си го задржат и да си го чуваат до пензија. Плус, има и други причини за евентуален трејд на Хауард, а една од нив е тоталното уништување на атмосферата во тимот и однесување ала-Кармело со Лејкерси, со тотално занемарување на сериозноста на моментот.
A party held for the birthday of forward Josh Howard after the Mavericks’ Game Four loss to New Orleans infuriated coach Avery Johnson, according to the Star-Telegram.
Johnson stressed a rule of no partying to his team, but a celebration to honor Howard’s birthday was still held hours after the defeat in Dallas.
Two sources confirmed the party to the Telegram, but they differed on how many players actually attended the affair.
Johnson was so livid at the news that he reportedly canceled the team’s practice on Monday, a day before they were eventually eliminated by New Orleans.
Што се однесува до Феникс, за нивната капитална загуба и неспособност да се добие првиот дуел тука се пишуваше доста, исто како и за третиот дуел со кој Спарси практишно ја решија серијата. Неиграњето одбрана и незнаењето како да се решат некои ситуации, како и немањето на втор клач играч по Нешти си го направија своето.
Да не зборам за неможноста на Мајк Д’Антони да се обиде да биде на тренерското ниво на Поп. Менувањето на ротацијата (принудно по повредата на Хил) до некаде беше позитивна промена, но ни тоа не можеше да го спаси Феникс.
Кој може да биде подобро решение за Феникс од Бркот? Не знам, тоа е работа за Стив Кер. Она што го знам е дека во текот на летото тимот мора да развие дефанзивен дух, веројатно со ангажман на некој топ дефанзивец. Но, и главните ѕвезди ќе мораат да покажат дека одбраната е битен дел од играта.
Мора да се најде адекватна замена на плеј за Неш, за да не мора да гине дабл МВП секоја вечер. Исто така, им треба тројка, а и двојка која може да погоди тројка кога ќе биде најпотребно.
Но, тоа е проблемот за луѓето во Феникс. Мислам дека трејдот за Шек не бече така лош потег каков што сега го прават, исто како што мислам дека Мерион секако ќе си отидеше летово, дека беше лошо влијание за соиграчите со своето постојано мрчење и дека и со него Санси немаше да го поминат Сан Антонио.
На кусо да се вратам на серијата на Хорнетси и Мавси која беше чиста потврда зошто Дејвид Вест сезонава беше ол-стар играч, да не зборам за Крис Пол, новиот најдобар плеј во лигата. Хорнетси се тим кој може да биде незгоден за секого, па и за Спарси. Иако не очекувам изненадување, ќе се надевам на него.
ПС: За малце ќе заборавев да спомнам. Каков р’ѓа играч е тој Стекхаус.
April 30th, 2008
To make matters worse for the Celtics, it’s possible that Garnett and Kendrick Perkins could be suspended for Game 5 for their involvement in a second-quarter skirmish last night. Hawks forward Marvin Williams also is in jeopardy.
Replays showed Garnett shoving referee Ed Rush, and Perkins and Williams went on the floor from the bench, which usually means an automatic one-game suspension.
Хммммм…Пази го ова. Серијава меѓу Бостон и Атланта од најдосадната после првите две во Бостон, стана најинтересната серија во моментов. Заслуга за тоа покрај одличната игра на двете дома на Хоукси има и нивната енергија и неверојатна желба каква што ни јас не очекував да видам од нив во првиот плеј-оф после девет години без омрсување.
Токму таквата енергија и гинење на теренот на Хоукси е нешто што Селтикси не го очекуваа, кои кога допатуваа во Атланта веројатно мислеа дека Хоукси ќе се помират со судбината и нема да им пружат некој поголем отпор. Арно ама, Хоукси покажаа карактер.
Баш денеска му зборев на Шеп дека индентитетот на една екипа се гради во плеј-офот, а не со најмногу победи во рег. дел. Ги споредивме Селтикси со оној тим на Лејкерси со Мелоун и Пејтон. Иако сличностите не се големи, сепак ги има, а колку се на место ќе видиме во иднина.
Искрено, не очекувам Хоукси да го тепаат Бостон три пати по ред, мада ако стварно се деси нешто во врска со суспензииве, тогаш може да биде тесно.
Што се однесува до првиот клип, тој е од локална ТВ од Бостон, така да не ве чудат дел од коментарите.
Иначе, малце ми е симптоматично како секогаш кога Гарнет ќе се повлече од кавга која ќе ја испровоцира со низок удар, тој е оној што е кул, а кога некој друг ќе го направи истото е кукавица?
Иначе, нема да ги фалам моите Хоукси, ко што вика Ритрај, да не ги урочам.
Бај д веј, Ритрај, добри овие Лејкерси, а?:))
За крај, три од 20-те поени на Џо-Џо во задњата четвртина синоќа во која целиот тим на Бостон убаци 17 поени.
April 29th, 2008
За Хоукси намерно не пишувам многу цела сезона, чисто да не ги урочам. Така, по плескањето на Бостон агејн синоќа, само ја ставам сликава. Идеме во Бостон.
April 29th, 2008
Третиот дуел кој Хорнетси го изгубија во Далас беше вистински показател дека Њу Орлеанс е тимот кој има огромни шанси да ја освои оваа серија. Причината е многу едноставна. Иако Мавси на неколку пати градеа уверлива предност, тие немаа сила да го зададат конечниот удар на младиот тим чиви две најголеми ѕвезди имаа лоша вечер.
Наместо тоа, играчите на Хорнетси кои не се презиваат Пол или Вест, предводени од Парго се враќа, се враќаа и се враќаа во игра. Кога ќе покажете таков карактер на една средба на која лесно можете да се предадете, тоа докажува дека како тим сте изградиле карактер каков имаат само победничките екипи. Тоа можеби не значи дека ќе ја освоите титулата, но значи дека во секој комент ќе дадете се од себе.
Таквиот карактер е нешто за што во Далас можаат да сањаат и нешто што тие го загубија некаде во финалето пред две години, кога доживеаја еден од најголемите ментални колапси во историјата на НБА. Таквиот нон-карактер тие само го потврдија лани во првата рунда против Голден Стејт.
Иначе, насловот не значи дека ми е нешто жал за Мавси, напротив. Жален е начинот на кој тие се однесуваат на теренот, а посебно последниот потег на Џејсон Кид сабајлево за кој си заработи заслужено исклучување. Убеден сум дека Девин Херис немаше да направи вакво нешто, како и дека немаше да има четири бедни партии во една серија.
ПС: Баш ми е мило за Хорнетси, ако за ништо друго, онда поради Кјубан.
April 28th, 2008
Уште откако ја изгубија првата средба на начинот на кој ја изгубија, се плашев дека Санси нема да можат да се вратат во серијата со Спарси. Од една страна, не можев да го видам квалитетот на двете страни од теренот кој го имаа Спарси, а од друга, мислев дека менталниот ефект од губење на добиена утакмица на гостински терен, меч кој може да биде клучен за серијата, е психичка пречка која тимот на Бркот нема да може да ја надмине.
На крајот се покажува дека и двете работи држат вода, а она што посебно е евидентно во оваа серија е дека колку и да сакаат сите неутрални НБА фанови Феникс да иде понатаму, Санси едноставно не се направени од материјалот потребен за еден тим да стане шампион.
Прва огромна дупка во тимот е одбраната, посебно таа на надворешните позиции, која најскромно речено е мизерна. Нешти е човек во години кој нема сила да се троши и во нападот и во одбраната и пак да биде свеж на крајот. Тој е најдобриот шутер на Феникс и кога тој е уморен, Санси ретко имаат шанса за победа против тим како Сан Антонио. Нешти синоќа мораше цела вечер да го брка Паркер во одбраната, која никогаш ни не му била некоја посилна страна.
Плус, бранењето на блокот е ужасна слабост на Феникс, па така да иако на Тончи му го затворија патот кон рекетот, момакот имаше максимална слобода да си шутира од својата омилена полудистанца. Екипи кои се горди на својата одбрана не дозволуваат такво дежа-ву цела вечер.
Самопрогласениот најдефанзивец во Аризона Бел, Барбоса, Гиричек, Диао и Амари исто така не знаат многу што е тоа одбрана, нити се трудат да научат.
Втората голема дупка во Феникс е поврзана исто со Неш, кој за да биде ефикасен во нападот, мора да не се замара премногу во одбраната. Сабајлево, Паркер го бушеше, па Нешти немаше сила да игра напад и беше страшно надигран од Лонгорија. Кога на тоа ќе се додаде прљавштината наречена Боувен која го пратеше Неш во секој чекор и неспособноста на другите да повлечат, се станува јасно. Тоа што Барбоса имаше најдобра партија до сега беше само случајност.
Исто така, тактиката на Феникс пред оваа серија беше да се лимитира ефектот на барем еден од Топ триото на Спарси, нешто во што сабајлево исто така бедно потфрлија. Тончи - Тимчо - Ману искомбинираа 84 поени со шут од игра од 33-52 и од слободни од 13-15.
Сите тие хендикепи и силината на противникот, како и неговиот тренер, се нешто со што Санси не можат да се справат. Доколку следната сезона сакаат да бидат во било каков муабет за можна титула, летово ќе мора да има некои сериозни промени, како во пристапот на тимот, така и во барање на епизодисти кои ќе помогнат да се понесе теретот, посебно во одбраната, но и во нападот, каде Феникс е крајно предвидлив.
И да, Неш не шутна ни една тројка сабајлево.
* * * * * * *
Мечот во Филаделфија не го гледав, но секоја им чест уште еднаш на Сиксерси, кои не престануваат да изненадуваат. Андре Милер веќе не смее да биде еден од најпотценетите играчи во лигата, додека честитки заслужува и Морис Чикс, кој барем до сега се покажува како двапати подобар тренер од Флип, што веројатно и не е тешка задача.
Пистонси имаат тенденција да играат слабо со незвучни имиња, но ваквите партии немаат оправдување. Ќе биде интересно во Гејм 3.
Бај д веј, кај е Чонси?
April 26th, 2008
Енвер - без Д, зошто ни Нагетси не знаат што значи таа буква…Ова нормално, не е омаложување на партиите на Лејкерси, ама сигурно е омаложување на смешката наречена Нагетс, скуп на сумњиви карактери и тренер кои да ги убиеш не знаат да играат одбрана.
April 24th, 2008
Што сега, Санси? Што откако Спарси длабоко ви влегоа во главата и ви покажаа дека можат во секој поглед со вас. Што откако вие како еден од најдобрите офанзивни тимови во лигата давате 61 поен во првото полувреме, а потоа само 11 во третата четвртина, и тоа пет од нив преку шестте слободни кога Поп се реши малце да ја испроба среќата со Хек-А-Шек тактиката.
Причините за поразот се исти како и на Гејм 1, само што овој пат Санси немаа проблеми со личните на Шек и Амари, но и немаа сила да ја направат завршницата незивесна. Да не зборам за тоа дека пак не можеа да ја задржат предноста од првото полувреме, која овој пат изнесуваше плус 14, а по бедата од третата четвртина стигнаа до минус 13.
И пак, Нешти (само да играше барем малце одбрана) и Шек не се криви, па не е ни Амари, иако момакот не знае што е одбрана. Данкан повеќе си имаше работа со Шек, а тоа значеше јоктур 40 поени. Арно ама, кога немате бекови кои барем ќе пробаат да го задржат својот чувар, кога го имате самопрогласениот дефанзивец Раџа Бел, не баш паметниот и без муда Борче Диао и ужасниот во оваа серија, како и против скоро сите елитни тимови оваа сезона, Леандро Барбоса, нема што да барате во Аламо. Да не зборам дека Грент Хил беше повреден и дека клупата е потенка од г’з папир на Евреин (без навреда).
Следните две ќе бидат многу потешки за играње за Феникс, отколку за Спарси и ќе биде чудо на крајот Санси да бидат тие кои ќе идат даље.
Исто ко што не ми се верува дека мизерните Мавси ќе најдат решение за МВП-то Крис Пол, кој по 30-15 од Гејм 1, која беше негово плеј-оф деби, се поправи на 32-17 во Гејм 2. Кид, who?
Другиот ѕвер живее на Флорида и синоќа ја имаше втората 20-20 средба во овој плеј-оф. Иако среќата која го пратеше Хидо и неспособноста на Бош го спасија Орландо, нивната иднина во оваа серија, како и овој плеј-оф целосно е во рацете на Двајт, а тоа и не се така лоши раце за да ја ставиш својата иднина во нив. Само се ми мириса на мучни две во Канада за Орландо.
April 23rd, 2008
Previous Posts