Archive for March 29th, 2008

Џабе 53 поени

Kobe Can't Pass - PROOF!!

Коби, со кого се запознавме оваа сезона е токму она што ги направи Лејкерси еден од најдобрите тимови на Западот. 81-Коби беше нешто одлично за гледање и за уживање до оваа сезона, ама тоа никако не носеше резултати какви што очекуваат сите во Ел-Еј. Лани со одличните индивидуални партии на Кобстерот, Лејкерси се мачеа, па и губеа од тимови како Шарлот и Мемфис, нешто што се повторува задњиве неколку дена. Што ако Коби убаци 53 поени против мизерниот Мемфис, ако не може да ги победи и со тоа да го искористи поразот на Хорнетси од најдобриот во лигата Бостон со цел да се искачи пак на врвот на Западот. Вака, Феникс и Јута си тепаа и им се доближија, а Спарси и ги поминаа на второто место.

На другата страна на САД, Пејсерси играа за Хоукси кои сега (а и со оглед на распоредот до крај) се доста блиску до прекинување на деветте сушни години. Тоа што ќе им бидат само загревање на Бостон ама ич не е битно. Битно е младите момци да го помирисаат плеј-офот и да знаат за што треба да играат следната сезона.

10 comments March 29th, 2008


Календар

March 2008
M T W T F S S
« Feb   Apr »
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31  

Архива

Категории