Си отиде играчот без душа

Ова и не е некоја вест, затоа што уште по првите неколку средби во дресот на Голден Стејт беше јасно дека Вебер нема да може да го издржи ритамот на НБА, а ни на самите Вориорси. Ако му е некоја утеха, човекот си ја заврши кариерата таму каде и ја започна, иако сигурно не на начинот на кој посакуваше.
Една од главните работи повзрани со него, покрај несомнениот талент, отсекогаш ми било немањето душа, а ни муда кога зборуваме за водењето на својот тим до било каков успех. Прво избега од Голден Стејт по кавгата со Дон Нелсон, потоа избега и од Вашингтон, а дури беше во Кингси секогап некој друг како Дивац, Биби и Пеџа беа лидери на тој тим и чекаа од Вебер да повлече и да им го покаже патот до финалето. Тоа, нормално, никогаш не се деси.
Авантурите во Филаделфија, од каде пак избега (или беше избркан) па и во Детроит и не се нешто за спомнување.
Барем едно време Тајра Бенкс му беше женска.
Среќна пензија Крис, барем заработи доволно милиочиња да немаш гајле до крајот на животот, а и сигурно имаш нешто фира да му позајмиш на пријателчето Спривел.
6 comments March 27th, 2008