Archive for March 24th, 2008

Далас нема да игра плеј-оф

Photobucket

Две недели. Тоа е првата прогноза за времето кое Дирк ќе го помине гледајќи ги мечевите на Далас од клупата. Барем така изјави Марк Кјубан. Е сеа, можни се и уште полоши вести за Мавси, посебно ако се испостави дека повредата на Дирк не е на левиот скочен зглоб, туку на левото колено.

Да биде уште полошо за нив, Голден Стејт по вчерашната победа е на една средба минус од Далас во борбата за осмото место на дивиот Западот, а Денвер после триумфот сред Торонто по 69 поени на Ајверсон и Мело е на две и пол заостаток. Со оглед на тоа дека Мавси наскоро се среќаваат со двата тима (два пати со нивниот немесис Вориорси), како и со Лејкерси и Феникс во следниов период, лесно може да се случи падот на Дирк да значи и пад на Далас, кој може да му се приклучи на Мајами во вистинската реткост - двата тима кои беа дел од Големото Финале пред само две години да бидат дел од Драфт лотаријата.

Лично, и со Дирк во тимот мислев дека од средбите во следните две недели Мавси можеа да се надеваат на две победи (против Клиперси) и можеби уште максимум две од тешките пет.

Инаку, од можни 706 средби од регуларниот дел на сезоната, во својата кариера Дирк има пропуштено само 25, што донекаде и беше причината поради која го завикавме Диркулес. Далас е тим кој е страшно зависен од Швабата и токму поради тоа оваа негова повреда може да значи пропаст за нив и дефинитивно растурање на тимот ова лето од страна на психото Кјубан.

5 comments March 24th, 2008


Календар

March 2008
M T W T F S S
« Feb   Apr »
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31  

Архива

Категории