Фотка на неделата 51 - Масакр во Тексашкиот Триаголник

Бостон со право повторно е главниот муабет во НБА откако покажаа зошто го имаат најдобриот скор во лигата (убедливо) преживувајќи го Тексашкиот Триаголник во стил. Прво го скинаа шампионот сред Аламо иако губеа и со 22 поени во еден миг од средбата, потоа со 20 плус ја убија серијата од 22 победи по ред на Хјустон, за синоќа да го исплескаат и Далас за комплетирање на Триаголникот. Нешто што и појде од рака на една екипа за прв пат по Кингси од ноември 2001 година.
Ако ова не е доказ дека Бостон е најголем фаворит за титулата, не знам што е, а со вклопувањето на Кесел и Пи-Џеј Браун до плеј-офот, тие ќе бидат уште посилни и не гледам како може да се случи едноставно да не се прошетаат во првата и втората рунда.
Фаворити ми се и поради тоа што додека Западњаците ќе се колат, Селтикси ќе чекаат дуел со Детроит. Кавси сакаат да бидат незгодни, но реално немаат шанси против Бостон. Орландо им е можеби понезгоден противник, но и тие немаат шанси во една серија од седум средби.
ПС: Далас сега со Кид во тимот има скор 0-7 против тимовите со позитивен скор. Екстра. Кјубан сега сигурно ја мава главата во ѕид.
19 comments March 21st, 2008