Кој нарача будење?
Кај будење, па и вакво, од 20 разлика на свој терен со само 74 постигнати поени. Точно е дека го немаше Јаоза, но тоа Рокетси не го користеа како оправдување. Едноставно беа прегазени од доста поквалитетен тим од нив кој, иако претходната вечер одигра тежок меч во Сан Антонио каде славеше и покрај минусот од 22 поени разлика, покажа зошто го има најдобриот скор во лигата и зошто сезонава ќе ја заврши со тој статус. Исто така, Бостон на последниве две средби се врати во центарот на НБА муабетите, откако Лејкерси, а онда и Хјустон малку им украдоа од спотлајтот.
Што се однесува до Рокетси, стварно мислам дека им следува тежок период, не само поради распоредот, туку и поради тоа што на голем дел од победите во серијата, тие некако успеваа да го надминуваат слабиот шут и бројните грешки. Тоа не им појде од рака синоќа, а веројатно нема да им пали многу ни во иднина. Тука клучен е Трејси Мекгрејди, за кој одамна имам кажано што мислам, во пакет со неговото другарче од Њу Џерси.
Каков е Западот, лесно може да се случи неколку порази по ред, заедно со серија победи на Голден Стејт (која не ја очекувам) и на Денвер (поочекувано), Хјустон да се најде и во борба за последните плеј-оф места. Тоа нормално, не им го посакувам, но гледајќи го нивниот состав и квалитет, може да се случи.
Сепак, серијата од 22 победи останува засекогаш запишана во историјата на НБА. Е сеа, што за разлика од поголемиот број на тимови со серии од 19. победи и повеќе, Рокетси нема да освојат титула или играат во финале, тоа е друг муабет кој секако ќе стави голема дамка над оваа серија.
* * * * * *
Како додаток на постов, веројатно најдобрата блокада оваа сезона.
13 comments March 19th, 2008
