Archive for March 16th, 2008

Фотка на неделата 50 - NBA, where 63 year old centers happen

Photobucket

Втора недела по ред оди слика од Хјустон, што е нали, сосема разбирливо со оглед на нивната историска и актуелна серија од 21 победа.

Лично, од една страна имам полна доза респект за овој успех на Рокетси, нешто што во минатото не му пошло на никого од рака, барем не во модернава ера на НБА. Кога ќе се погледне нивниот тим (без Јаоза) освен Трејси, и до некаде скопјанецот Батие, тие немаат апсолутно ништо со што би можеле посебно да се пофалат. Сепак, Скип ту мај Лу, Скола, Боби Џексон и радничката класа како Лендри и Хејс и тоа као вршат работа и се огромен дел од овој успех. Сепак, најмногу од секој за оваа серија е веројатно Рик (Туп поглед) Аделман, кој не го фаќаше паника ни кога играа слабо и со Јао во тимот и кој цело време веруваше во своите момци.

Од друга страна, ова не е никаков успех доколку не се мине барем првата рунда од плеј-офот, нешто што за Трејси е непозната територија. Гледајќи го тимов и силината на конкуренцијата на Западот, не можам да си ставам во глава како Хјустон би можел во една серија од седум средби да се носи со било кој од останатите елитни тимови.

И да, факт е дека Рокетси поголемиот дел победи ги остварија против тимови под 50%, како и тимови без своите ол-стар играчи (Вест и Дирк), сепак добар дел од тоа (9-0) е без Јаоза, што само по себе е голема работа. Повредата на Трејси порано сезонава, а потоа и оваа на Јао, ги научија момците како да играат без еден од своите најдобри играчи, но мислам дека без Кинезот ќе немаат никакви шанси со ѕверовите на Западот, освен ако тие си немаат некој повреден.

Кога сме кај повредите, кармата за прв пат тргна во насоката на Хјустон, па вечер нема да мораат да мислат на Пау, а лесно може да се случи во следниве средби да не мора да се мачат ни со Реј Ален и пак Вест.

Уште нешто. Сериите на Лејкерси и Милвоки делумно се запаметени и по тоа што тие екипи истата таа сезона станале и шампиони. Овие Рокетси нема шанси да станат тоа.

И пак. Сепак, ни Булси на Мајкл кога сезоната ја завршија со скор 72-10 немаа ваква серија. Тоа сепак кажува нешто.

ПС: Класиката наречена Дикембе Мутомбо Мполонда Мукамба Жан-Жак Вамутомбо

23 comments March 16th, 2008


Календар

March 2008
M T W T F S S
« Feb   Apr »
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31  

Архива

Категории