Убавицата и Ѕверот

Малце да разбиеме од муабети поврзани со серијата на Хјустон и садењето дрва. Иако вчера не одигра нешто посебно против Визардси, Леброн заслужи пост со оглед на продолжувањето на своето издигнување (т.е., издигнувањето на својата популарност) откако се појави на насловната на најголемото модно списание на светот - Vogue.
За нас како фанови на НБА, ова и нема некоја посебно голема важност, но не е мала работа кога сте вие само третиот маж кој се појавин на насловната на Vogue после фаци како Ричард Гир и Џорџ Клуни. Тоа уште повеќе добива на тежина ако се знае дека Vogue излегува неверојатни 116 години!!!
ПС: Ова нормално не значи дека Леброн ќе добие некој глас повеќе во гласањето за МВП.
26 comments March 14th, 2008