The Big Cactus

Шек е егоманијак, заљубен во самиот себе. Тоа го знаеме сите. Всушност, поголемиот дел од НБА ѕвездите се такви, со исклучок можеби на Тимчо Роботчо. Токму поради таа љубов кон себе, Шек тргна по загубената топка завршувајќи во третиот ред од трибината. Топката немаше шанси да биде спасена, но најважно е тоа што двете деца во првиот ред не беа прегазени од Шек-Експрес.
Со тој свој потег, освен што потсети на летот на Супермен, само на многу помала височина, Шек знаеше дека вниманието, како всушност и цела вечер, ќе биде свртено кон него, но и тоа ќе им даде мотив плус на соиграчите, кои рака на срце, и не знаат многу-многу што е тоа гинење на теренот.
“If I’m Miami, I’m saying that is not the Shaq that I traded”
-Mark Jackson
И во право е човекот. Нешто чудно се дешава во Аризона, посебно со ветераните кои во минатото знаеле да се мачат со повредите и мотивите за игра. Грент Хил, а сега и Шек се вистински примери.
Што се однесува до дуелот на шампионот и Санси, после петочната средба со Јута, Феникс ни пружи уште една одлична вечер, но овој пат со многу бољи крај за нив. Она што е јасно во врска со нив е дек тие се уште учат да играат заедно, како што Санси за прв пат после…за прв пат воопшто учат дека мораат да играат одбрана ако сакаат да направат нешто. Со Јута уште не беа стигнати до таа лекција, но напредокот беше очигледен против Спарси.
Маките кои ги имаа Санси последниов период никако не ги поврзувам со Шек, кој за разлика од остатокот на тимот на Феникс, знае што е потребно за освојување на титулата. Со своите 36 години тој вчера делуваше како некој многу помлад кој беше подготвен да загине за својот тим на теренот. Тоа е и тоа како добра промена во приодот за до скор малодушните Санси.
Уште само да научи Барбоса да игра во поставен напад без да избрзува шут за три или влез и Борче Диао да научи да ја користи главата и да не прави често чекори, категорија во која веројатно е прв во лигата. Има и некои други работи кои ми сметаат кај Борче, ама за тоа некој друг пат.
Ова е ипак пост за Шек.
15 comments March 10th, 2008
