Шек и Коби
Синоќа ни Шек, а ни Коби, некогашните “другарчиња“ ги немаа своите баш најубави моменти оваа сезона. Разликата е таа што, исто како и Коби, и Шек веројатно требаше да биде исклучен за својот килер старт над Амир Џонсон…Горниот клип е вистински показател зошто ретко кој (никој?!?!) не успеал да закуца преку Шек на начинот на кој се обиде Амирчо.
За утеха на Коби, Лејкерси ги згазија слабите Соникси, а Кобстерот беше исклучен кога неговиот тим имаше плус 31 поен. Да беше тесна утакмица мислам дека тој и ќе пазеше што зборува, вака, можеше да се издува и неговиот тим пак лагано да си тепа.
Иначе, очекувам лигата да го казни Шек со една средба суспензија. Од чиста причина што Феникс игра со Мемфис, каде веројатно ќе тепа и без Шек. Ем ќе испратат јасна порака до сите кои прават вакви стартови, ем Феникс ќе си тепа. Овде нема кој што да загуби.
ПС: За бруката на Санси синоќа веројатно нема што да се каже. Пистонси се тим кој се пали на силни екипи и кој најдоброто од себе го вади баш против НБА елитата. За мене тие се уште се фаворит на Истокот, каде единствено Бостон, Леброн и неспособноста на Флип Сандерс можат да им се испречат на патот до големото финале.
ПС1: Овие неколку дена ќе профункционираат (конечно) и линковите до сите мои текстови за еСпорт, и тоа во ПДФ формат.
7 comments February 25th, 2008