Енигма

Помина трејдинг дедлајнот и како што му приличи на лудиов НБА месец, посебно последниве две недели, во последните минути до лигата беше пријавен уште еден голем трејд во кој овој пат главната улога за промена ја имаа екипи од Истокот.
Колку Бен Волас и Воли Шчербијак му помагаат на Кливленд и Леброн, не знам, но знам дека Џо Смит и Делонте Вест би требале да бидат од помош. Кавси се откачија од Хјуз и го дадоа Гуден, плус Маршал, Њубл, Шенон Браун и Симонс кои и онака беа вишок. Сигурно е дека добија повеќе во споредба со тоа од што се откажаа, но не знам дали ова им е доволно за да бидат подобри од Бостон или Детроит. Нормално, кога го имате Леброн, се е можно, што беше докажано и лани во плеј-офот.
Бен Волас сега има центар позади себе со кого пак ќе може да биде ефективен во рекетот. Зборуваме за одбраната, нормално, зошто нападот е непознат остров за Бен кој веројатно никогаш нема да го посети во животот. Малце ми е сумњива и идејата за Бен на четворка, што ќе значи помалку време блиску до кошот, каде тој единствено е и корисен.
Воли пак е шутерот кој очајно им фалеше и секако дека е подобро решение од Хјуз, кој играше на периоди, и тоа кога не беше повреден, што беше честа појава.
Делонте е засилување на плеј. Иако сезонава не играше многу во Сиетл, лани во Бостон тој покажа дека може да биде солиден НБА плеј, позиција на која Кавси беа очајно тенки. Џо Смит сезонава беше најпостојаниот и најдобриот играч на Чикаго, што кажува се за нивната сезона. Би можел да помогне во рекетот, и тоа многу повеќе од Бен.
Што се однесува до другите две екипи, Булси барем успеаја да се откачат од негативното влијание кое Бен Волас го имаше врз нивните фанови, улога која би можел да ја заземе Хјуз. Сепак, Хјуз ако ништо друго, ќе му го направи животот малку понедуобен на Бен Гордон, со кого ќе се бори за место во тимот. Гуден е солидна замена за Волас и Смит, ако ништо друго, барем е помлад.
Сиетл направи најдобар бизнис овој трејдинг-дедлајн од екипите кои немаат шанси за плеј-оф пласман. Откачија едно чудо играчи со солидно мрсни договори, притоа ќарувајќи едно чудо идни пикови од првата рунда. Не за џабе е Сем Прести дел од школата на Спарси, со кои и вршеше работа. Дени Фери е во Кливленд, а Курт Томас беше испратен во Спарси.
Имаше и др. трампи, како таа меѓу Хорнетси и Хјустон во која нови другари на Крис Пол се Бонзи Велс и Мајк Џејмс, а на Аделман му се враќа Боби Џексон. Хорнетси добија подобра клупа со овој дил, но познато е дека Бонзи и Џејмс ако не играат знаат да бидат и негативно влијание.
Ситни трејдови кои не менуваат ништо направија и Торонто, Детроит, и пак, Хјустон.
5 comments February 22nd, 2008