Archive for February 19th, 2008

Kidd’s game

PhotobucketPhotobucket

За многумина вистинската НБА сезона почнува после Ол-Старот, што не е далеку од вистината. Оваа сезона посебно е ќе биде интересна борбата за врвот на Западот, која судејќи според она што се дешаваше до сега, како и потезите на Лејкерси, Феникс и Далас, а можеби и Денвер, ќе биде најинтересното нешто што ни се случило по подолго време.

Прво - Далас.

Од лик кој не сакаше да му даде пари и да го задржи Неш кога овој имаше 30 години, Кјубан стана лик кој даде речиси пола тим за да го врати Кид, на негови 35 години и договор од 19 728 000 за сезонава и 20 милиони кои ќе ги бара за продолжување на верноста. Нормално, парите никогаш не биле проблем за Кјубан, но ова ми е на некој начин признание дека се заеба со пуштањето на Неш, со кое само што изгуби многу, туку и засили еден од најголемите ривали на Западот.

Исто така, ова е потврда на стравот на Мавси дека после Пау во Лејкерси и Шек во Феникс, тие нема да можат да излезат како победници од силниот Запад каде е и актуелниот шампион и каде има десет екипи кои конкурираат за плеј-оф место. Мавси факат не играа со цел свој потенцијал сезонава, а и чисто се сумњам дека со тимот кој го имаа пред трејдот за Кид дека имаа било какви шанси против Лејкерси (посебно ако се знае како Коби игра против нив), па и Спарси и Феникс. Не би ја отпишал ни Јута, а онда ни Голден Стејт, кој секако дека им има влезено во главите на Мавси, само што сега им треба да влезат и во плеј-офот, што нема да биде лесна задача.

Кид секако ги прави Мавси подобар тим краткорочно. Можеби Девин Херис е подобро решение ако зборуваме за три-четири сезони, но тој никогаш нема да биде на нивото на еден Кид. Мене лично Херис не ми се свиѓа како играч и кога Далас се откажа од Џејмисон за да ги добие драфт правата врз него, сметав дека можеле да направат далеку подобар потег. Проблемот е во тоа што Херис во никој случај не е класичен плеј, нешто што очајно му требаше на Далас. Тоа што Стекхаус не е дел од вториот трејд е голем плус за Мавси, кои се откажаа од бескорисниот Хесел. Сега останува само да го заковаат Девин Џорџ на клупата и момакот никогаш повеќе да не заигра во Далас. Како се понашаше изминативе недела дена, сумњам дека ќе се најде тим кој ќе сака да си има работа со него, иако во НБА се е можно.

12 comments February 19th, 2008

Ве молам. еден Рон-Рон за Мело и Ајверсон

Photobucket

Второ - Денвер.

Според многумина Нагетси се сериозни во трката по Рон-Рон, кој според нив е вистинскиот играч кој ќе им донесе квалитет плус во борбата на Западот. Не знам баш. Ако се гледа од чисто игралки аспект, Артест е еден од најдобрите во лигата кога зборуваме за комбинација на дефанзивни и офанзивни квалитети, но приказната е сосема поинаква ако зборуваме за багажот кој со себе го носи Рон и кој ќе му требаат шлепери за да се однесе во било кој клуб во кој ќе се пресели.

Сепак, она што им го дава Рон, посебно во одбраната со Кемби позади него може да им биде од голема корист. Денвер, а посебно Џорџ Карл се под голем притисок за успех уште оваа сезона, а со оглед на годините на Кемби и Ајверсон, прозорот и тоа како бргу им се затвара.

Плус, и финансиски трејдов е добар за Денвер, со оглед на само седумте милиони и кусур за оваа и осумте за счедната сезона кои му следуваат на Рон, нормално, доколку не одлучи за опцијата да стане слободен ова лето. Како и да е, доколку Рон отиде во Колорадо, дефинитвно ќе биде Лудило!

3 comments February 19th, 2008


Календар

February 2008
M T W T F S S
« Jan   Mar »
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
2526272829  

Архива

Категории