All Star 2008: NBA SDC ‘08 - Привју by Flight
Со мало закаснување, поради тоа што синоќа воопшто не бев на нет, еве го постот кој експертот за забивања, Флајт, ми го прати по повод NBA SDC 2008…Иако сега веќе сите знаеме како заврши вечерта во која го видовме Супермен, текстот на Флајт останува интересен за читање.
Прогласувањето на NBA SDC за мртов се стабилизираше како еден од стандардните сезонски ритуали во последнава деценија. Речиси и да не постои Февруари кој не е проследен со вообичаените реминисценции за “митските” дуели на Џордан и Вилкинс, за “Фродо гоус ту Мордор” во верзија на Спад Веб, па дури и за Кихотовските обиди на Клајд Дрекслер да направи забивање што барем малку ќе отскокнува од здодевниот просек. А, веднаш потоа неизбежно следува дијагностицирањето на смртта: нема повеќе супер ѕвезди, ги нема компетитивноста и иновативноста; се е веќе видено, нели? Логиката е лесно сфатлива, на носталгијата и се потребни ориентири, симболи кои можат да постанат стандард единствено ако се “врамат” во рамката на дефинитивното минато; нешто што никогаш не може да се врати, не само поради минувањето на времето, туку поради онаа недофатлива аура со кои овие настани зрачат. Во таа смисла, летот од линијата за слободни на MJ и ветерниците на Nique се вистински аналогон на фигурата на Џери Вест, која е и буквално врамена во логото на една традиција.
Но, како што сите фанови на хорор жанрот добро знаат, afterlife-от може да биде заебана работа. А, како поинаку да се објаснат вампиристичките акробации на J-Rich, еклектичноста на Џералд Грин и Џош Смит или out-of-this-world трагикомичноста на Нејт Робинсон? Впрочем, доволно е човек да го чуе Кени Смит и неговите емфатични восклици за да сфати дека за нешто што е одамна мртво, SDC прилично добро се држи.
Како и да е, во последниве неколку години ултимативниот предизвик за NBA SDC беше токму тоа – како да се конципира овој “живот-по-смртта”. На административно ниво, неколку големи промени веднаш паѓаат на памет. Пред се, SDC стана Rising Stars SDC, потег кој ја претставува најдрастичната мерка во борбата со “незаинтересираноста” на супер ѕвездите, но истовремено е и рефлексија на една осмислена и долгорочна стратегија во која натпреварот во забивање има посебно место. Од друга страна, ограничувањето (намалувањето) на бројот на учесниците (и забивањата) има очигледна цел – справувањето со “неоригиналноста” и со моментот “се е веќе видено”, кој е еден од најистрајните критички тропи.
Размислувајќи во оваа насока, оваа година NBA оди чекор понатаму. Воведувајќи еден нов принцип на гласање според кој токму публиката ќе одлучува за победникот во финалето, лигата се обидува на систематски начин да го премости јазот помеѓу кататоничната (и неинвентивна) NBA dunk сцена и публиката, се почесто фасцинирана од non-NBA сцената, која од специфична супкултура полека прераснува во медиумска индустрија (And1, Slamnation, TFB…). Во овој контекст, ептен е битно да се спомне токму медиумската стратегија со која лигата го фабрикува неопходникот hype: од “we dunk, you decide” пристапот, преку видео логовите и интервјуата со Хауард и Грин, па се до YouTube предизвикот на Руди Геј. NBA влегува во нова ера, и веројатно она што беа ESPN и TNT за Џордан, тоа во иднина ќе бидат в-логот и Интернет за Руди Геј и некои негови наследници.
Но, да прејдеме на конкретни работи. NBA SDC 2008 – Грин, Хауард, Геј и Џамарио Мун. Не можам ни да замислам поатрактивна постава. Можеби Родни Карни и Ник Јанг? Како и да е, I believe the hype. Целата врева што се крева околу потенцијалот на овие четири забивачи и околу најавените забивања (посебно оние на Геј и Мун) е повеќе од доволна да ме убеди дека Кени Смит ќе има за што да воскликнува ноќеска.
Двајца класични two-leg скокачи, еден вонсериски glider и еден бивш Тротер – извонреден баланс и подлога за широк и разноврсен репертоар. Искрено верувам дека овогодишниот SDC ќе биде најдобриот во afterlife (пост-Винс) периодот. Проблемот е, веројатно, што со вакви очекувања речиси е неизбежно разочарување. Но, ајде да идеме по ред:
Dwight Howard
Чувте, нели?
Лигата повторно не му дозволува да го дигне обрачот на 12 FT. И доколку првата (спонтана) реакција е пцовка кон конзервативноста на NBA, онаа втората е малку потрезвена. Некако ми се наметнува само по себе прашањето - зошто Хауард толку инсистира на овој потег и зошто толку трагично го сфаќа негативниот одговор? Причината е и повеќе од очигледна: затоа што височината Е differentia specifica на неговиот забивачки стил.
Одземете му ги sticker-от на врвот на таблата и kiss the rim моментот и навистина е сомнително колку Двајт може да се приспособи на еден SDC. Но, во неговиот случај не станува збор единствено за класичниот проблем што високите играчи го имаат на овие натпревари. На Хауард му недостасува оној фамозен dexterity момент што е речиси неопходен во еден SDC во 21 век. Паралелно со тоа, стилот е исто така под знак прашалник. Да се послужам со my man Kenny: “he doesn’t kick his legs in the air”. А, забивање без тоа е како Шекспир без енунцијација. За илустрација, ѕирнете ги Ричардсон и Дезмонд Мејсон. Или можеби, Џордан и Вилкинс. А, дали високите момци можат да бидат атрактивни – па, не знам, прашајте ги Ненс и Кемп… Мое искрено мислење е дека Хауард не е еден од нив…
Очекувано забивање: Alley-oop од зад кошот и забивање со две (модификација на Игуодала)
Прогноза: 1 рунда
Jamario Moon
Ако сеуште не сте го ѕирнале неговото sneak peak видео, под итно! 26-годишниот руки на Торонто е еден од оние ретки забивачи кои подеднакво добро скокаат и од една и од две нозе, факт што претставува извонредна предност во еден ваков натпревар. Нечовечки одраз, долги раце и, пред се,
изразито големи дланки – Џамарио е како створен за SDC. A, ако се додадат и флексибилноста и шоу моментот, кој секој бивш Глоубтротер мора да го поседува, очекувањата се through the roof…
ОЗ: Well… да помислам малце. А, да, ми текна – пола метар ЗАД слободни. Jamario, it’s your turn. Плус, се збори дека ЏМ ќе изведе 360 windmill (а ла Картер) со две топки. Ај, да видиме…
Прогноза: Финале
Rudy Gay
Уф, колку ми недостасуваше glider минатата година…
Руди Геј е мој тип на забивач. И покрај тоа што скока извонредно и од две нозе (Скола и Ји знаат најдобро), Геј е, пред се, one-leg jumper. Има долги раце, извонредна координација во воздух и… kicks his legs a lot…
Кога е во прашање неговиот репертоар, два моменти отскокнуваат: tomahawk забивањето, кое му е омилено и неговата windmill верзија (приметете ги нозете)…
По неговиот YouTube предизвик, сега е речиси обврзан да изведе едно забивање од понудените. Живо ме интересира што ќе избере. Мои фаворити се 360 under the legs на Дарлингтон и lob-rock the cradle на T’Dub.
ОЗ: Windmill од слободни (а ла Вајт на NCAA SDC 2006)
Прогноза: Победник
Gerald Green
Иако никогаш не е паметно да се потцени актуелниот шампион, историјата покажува дека е изразито тешко да се одбрани SDC титулата (ако не си MJ или J-Rich). Веројатно дел од причината е што осмислениот настап на победникот секогаш подразбира репертоар кој отприлика ги оцртува границите на забивачките способности. Со други зборови, многу е тешко следната година да се измисли топла вода (ако не си J-Rich).
Но, Џералд Грин не е Себалос, Брент Бери или Фред Џоунс. Неверојатната експлозивност од две нозе, soar забивањата и неповторливото dexterity го прават посебен…
Ќе биде многу интересно да се види како Грин ќе одговори на фрлената ракавица од Геј и Мун и како ќе се снајде во една толку силна конкуренција.
ОЗ: 540° dunk и shoulder dunk
Прогноза: 1 Рунда
Сума сумарум, очекувам спектакуларна вечер и серија извици на Кени Смит (“that’s the best dunk I’ve ever seen”) кои ќе ја потврдат бесмртноста на Летањето, дури и во ера кога Џордан и Ник изгледаат како дедовци…
17 comments February 17th, 2008



