Archive for February 7th, 2008

Фотка на неделата 46 - NBA, where OMG happens!

Photobucket

Photobucket

По крајно чудниот дил во кој Лејкерси за ништо го добија ПАУ Гасол, трендот на неверојатни трампи продолжи со она што никој на планетава не го очекуваше, а тоа е трејдот на Шек во Феникс во размена за Шон Мерион. Мислам дека што и да се случи сега до трејдинг дедлајнот, кој е за некои две недели, нема да предизвика таква неверица како овој дил на Мајами и Феникс.

Шек сабајлево имаше прилика да се запознае со ложата на Санси, како и фановите и новите соиграчи во Феникс, следејќи го трилерот во кој Санси загубија до Хорнетси по 58 минути игра и само поради тројката на Пеџа со сирената.

Матрикс пак, наскоро би требал да има премиера во Мајами, а ова погоре е мојата омилена негова слика, од многу те екстра атрактивни кои ги имам во разни фолдери.

Ќе биде интересно до крајот на Западот, исто како и да се види дали овие потези на Лејкерси и Феникс ќе ги натераат на нешто слично и др. конкуренти како Далас и Сан Антонио, или па тимови кои би сакале да бидат конкуренти, како Хјустон.

30 comments February 7th, 2008


Календар

February 2008
M T W T F S S
« Jan   Mar »
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
2526272829  

Архива

Категории