Archive for February 6th, 2008

Заебанција….или не?

Photobucket

Уште нема ништо од типот на вест дека трејдот е финализиран, иако медиумите од Феникс и Мајами објавуваат информации дека се зависи од прегледот на Шек, кој би требал да се случи вечерва во Аризона. Ако нема некоја хронична повреда, Шек се сели во Санси, кои одеднаш стануваат доста поспор (и постар) тим.

Стварно ми се чини дека целава работа е е една тешка заебанција, иако станува јасно дека не е тоа. Уште не ми се верува дека Стив Кер е решен да се откаже од Мерион, и уште повеќе - да го донесе во клубот Шек (кој во март полни 36 години) и кој последниве две сезони е само сенка на стариот себе со повремени флешови во ретките моменти кога е здрав. Газдата на Санси, Роберт Сарвер пред некои месец дена изјави дека нема да има никакви трампи на поважните играчи оваа сезона и дека на овој тим ќе му се даде уште една шанса да ја освои титулата. Ако тоа не се случи, дури тогаш ќе следуваат трејдови.

Но, преминот за ништо на ПАУ!!! Гасол во Лејкерси по се изгледа го смени ставот на Сарвер. Лејкерси одеднаш станаа превисоки и пресилни во рекетот за Феникс, па Кер тргна во потрага по квалитетн висок играч. Првите две опции беа Семи Далембер од Филаделфија и Емека Окафор од Шарлот, ама тие две екипи не беа загреани за преплатениот Мерион. Мајами слушна за целиот муабет и им го понуди Шек на Санси, а овие прифатија, зошто веќе некое време бараат начин да се откачат од Шон.

Е сега, една работа не ми е јасна. (Да е само една:)). Како од тим кој последниве неколку сезони стана шампион во откажување од своите пикови од првата рунда и какви-такви високи играчи со цел да не му се приближат на прагот за Данок на луксуз, Феникс одеднаш се заглавува со договор на престар и преспор играч на кого во сезоната 2009-10 кога ќе има 38 години ќе мораат да му дадат 20 милиони долари. Да беше ова стариот Шек, се ќе беше Ок, ама вака?

Сите знаеме каква кошарка игра Феникс, но Бркот по се изгледа сфати дека и сезонава ќе излетаат во плеј-офот со само Амари под кошот, (да не збориме за тоа дека одбраната и скокот му се екстра слаби страни на Амари) кога се ќе се успори и кога тимови како Сан Антонио, Далас и Лејкерси ќе бидат во голема предност. Е, Шек ако е здрав со својот скок и одбрана, веројатно би можел да им биде од помош и нели би било кул пак да се сретнат со Лејкерси и овој пат Коби да биде тој кој ќе му стои на патот кон новата титула на Шек?

Ама, пак некако не ми оди во глава како Феникс се одлучува на вака голем ризик…И дали и тие ќе имаат краткорочен ќар како и Мајами од Шек?

Или можеби ова се е, како што кажав погоре - заебанција на Санси. Ми има логика да му се подига вредноста на Шек пред трејд дедлајнот со цел тимот кој во минатото најмногу бил загреан за него да го фати паника, која и го фати Далас по трејдот на Пау во Лејкерси. Кјубан одамна го сака Шек во својот тим, а парите никогаш не биле проблем за него. Феникс со здрав и расположен Шек би можел да биде многу опасен за Мавси, кои немаат вистинско присуство во рекетот и кои исто како и Спарси, фураат позициона и спора игра во плеј-офот.

Ајде, ќе има уште за ова, вклучувајќи го и есапот на Мајами во целава работа, ако стварно се случи ова што се најавува.

19 comments February 6th, 2008

Шек во Феникс?!?!?!?

shaq

Рано сабајлево уклучувам компјутер и го гледам ОВА!?!?!?

Малце покасно поопширно за целава работа…

1 comment February 6th, 2008


Календар

February 2008
M T W T F S S
« Jan   Mar »
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
2526272829  

Архива

Категории