Archive for February 5th, 2008

ШКККГМВППЛЏИКБ

Photobucket

МВП муабетите на почеток или на сред сезона отсекогаш ми биле мрски, пред се затоа што е тотално без врска да се зборува за такво нешто кога се уште не се случил најважниот дел од сезоната во кој играчот кој ќе биде МВП најмногу и би требал да се истакне.

Сепак, тоа не ги спречува Америте да си прават разни анкети, како таа која се појави изминатиов викенд, а во која учествуваа 35 од вкупно 125 ликови кои на крајот на сезоната и ќе гласаат за тоа кој треба да биде МВП.

Така, според ова истражување, моментален лидер во трката е Кеј-Џи, кој всушност игра исто како што играше во минатото во Минесота, со таа разлика што сега е дел од победничка екипа која го има најдобриот скор во лигата. Сето тоа е за почит, но да му се даде добра предност на Гарнет пред Леброн и Коби, кои имаат далеку подобри бројки од него и кои се апсолутни лидери на своите екипи ми е малку без везе. Како и целиов муабет.:)

ПС: И како може Пол да има четири гласа, исто колку Леброн, и еден повеќе од Коби?!?!?

Шо викете вие?

ПС2: На крајот на краевите, и самата награда е тотално небитна ако нејзиниот добитник заврши така срамно како Дирк во плеј-офот лани.

7 comments February 5th, 2008


Календар

February 2008
M T W T F S S
« Jan   Mar »
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
2526272829  

Архива

Категории