Archive for February, 2008
Заредив со видеава.
Шоутајмот и дефинитвно се врати во Ел-Еј. Иако тоа не е во онаа форма во која Меџик беше диригентот, а Ворти и Скот летаа по крилата, овој Шоутајм v2.0 си има своја драж. Посебно поради фактот што Коби конечно почна да го реализира својот потенцијал како несебичен играч. За тоа си е самиот заслужен, исто како и фактот дека конечно има добри соиграчи чива самодоверба е на високо ниво со оглед на тоа дека сега и Коби верува во нив.
February 29th, 2008
Ви текнува на глупирањето пред очите на целиот свет на Двејн Вејд во Скилз Челинџ во Њу Орлеанс. Уште тогаш кажав дека момакот беше жива брука, најмногу за самиот себе, но и за Мајами и за лигата. Тогаш немав објаснување за неговото глупирање, но по се изгледа дека тоа не било случајно.
Подолу е еден од подобрите клипови по подолго време.
February 29th, 2008
Кога сме веќе во филмот “Реклами“, по лошата нова кампања за задњиот модел на Коби, еве ја задњата за задњото издание на најпопуларната патика на сите времиња која одамна е повеќе од обична патика.
It’s not about the shoes — Become Legendary
ПС: Ова е друга варијанта за најновите Џорданки…
February 28th, 2008
Мене лично рекламиве не ми се свиѓаат нешто посебно, но кога е во прашање Коби знам дека ништо не поминува без да биде забележано.
February 27th, 2008
The Rockets have won 12 straight games, but have now lost Yao Ming for the remainder of the 2007-08 season.
Yao has a stress fracture in his left foot and will need surgery.
И така, тимот со најдобрата серија во лигата во моментов доживеа удар кој може да ги чини плеј-оф пласман на пресилниот Запад.
Дикембе, на тебе је ред…
February 26th, 2008
Се додека не налетав на овие две фотки, планирав да го ставам Кид во дресот на Далас, или Трејси и Јао, или па Лејкерси со Пау и Одом. Можеа да одат и Ману, Леброн и Амари како вистински ѕверови во последниве десетина дена.
Но, еден поглед на Ник и Шон паузирани во сред лет ми го смени планот. Јас лично сум емотивно врзан за Ник, затоа што моите НБА почетоци се поврзани со него и Атланта, за која што ден-денес навивам, еве некои скоро 20 години. Шон е друга приказна, и е ликот за кој Шеп е емотивно врзан, што има логика со оглед на годините.
Врзете се, полетуваме…
February 26th, 2008
Синоќа ни Шек, а ни Коби, некогашните “другарчиња“ ги немаа своите баш најубави моменти оваа сезона. Разликата е таа што, исто како и Коби, и Шек веројатно требаше да биде исклучен за својот килер старт над Амир Џонсон…Горниот клип е вистински показател зошто ретко кој (никој?!?!) не успеал да закуца преку Шек на начинот на кој се обиде Амирчо.
За утеха на Коби, Лејкерси ги згазија слабите Соникси, а Кобстерот беше исклучен кога неговиот тим имаше плус 31 поен. Да беше тесна утакмица мислам дека тој и ќе пазеше што зборува, вака, можеше да се издува и неговиот тим пак лагано да си тепа.
Иначе, очекувам лигата да го казни Шек со една средба суспензија. Од чиста причина што Феникс игра со Мемфис, каде веројатно ќе тепа и без Шек. Ем ќе испратат јасна порака до сите кои прават вакви стартови, ем Феникс ќе си тепа. Овде нема кој што да загуби.
ПС: За бруката на Санси синоќа веројатно нема што да се каже. Пистонси се тим кој се пали на силни екипи и кој најдоброто од себе го вади баш против НБА елитата. За мене тие се уште се фаворит на Истокот, каде единствено Бостон, Леброн и неспособноста на Флип Сандерс можат да им се испречат на патот до големото финале.
ПС1: Овие неколку дена ќе профункционираат (конечно) и линковите до сите мои текстови за еСпорт, и тоа во ПДФ формат.
February 25th, 2008
Previous Posts