Archive for January, 2008

УТЛАВ

Photobucket

Џаред ФРИ, Џоел ПРИЗИБИЛА, Дариус МИЛС, Тревис УТЛАВ (може и Отлав), ПАТ РЕЈЛИ…итд…
И иди ти после гледај НБА на наш канал и сфати ја таа ТВ сериозно…

Човек ќе си рече: “Ај, не е ова Сител, нема да има такви бисери ко тие на И-Ти (и неговиот статистичар)“..и додека нивото на интелигенција (спортска) е нормално на нешто повисоко ниво, сепак, бисерите со имињата на играчите не изостануваат. И тоа со само една утакмица неделно за која човек може да се спрема малце по малце цела недела. Да не зборам за тоа дека секој кој има некое базично познавање на англиски јазик не може така да ги изговара презимињата кои се издвоени најгоре.

Веројатно држи и она - “Каква публика, такви коментатори и такви телевизии“, но стварно ми е преку глава од елементарно непознавање на некои работи и тоталната непрофесионалност која ја имаме кај сите наши ТВ станици (освен можеби А1 со Англиско) при пристапот на покривањето на еден ТВ пренос. Голем дел од нив се жалат дека странските телевизии, како на пр. ХРТ, им ја краделе публиката, па направија се за да ја скинат од кабловска, но проблемот не е кај странците. Кај нив е решението како се врши еден пренос. Решение кое кај нас или не сакаат, или едноставно немаат доволно интелектуален капацитет да го пренесат на својата публика. Или она што најмногу ме плаши - Ама ич не им е гајле за публиката.

Кога сме веќе кај муабетов, како врв на тоталното непознавање на својата работа, пред неколку години, уште кога Лацио важеше за калчо гигант, тие играа во гости на Сан Сиро против Милан. Верувам дека поголемиот дел од вас се сеќава на Јап Стам и тоа каква појава беше Холанѓанецот во одбраната на Лацио. Коментаторот на тој меч на Телма, кој уште си коментира и уште тропа зелени, цело прво полувреме не примети дека Стам е на теренот и на неколку пати рече дека, иако бил во комбинација за први 11, поради некои си причини е на клупата за резерви. Клупата на Лацио ја покажаа неколку пати, ама Јап го немаше никаде. Се додека момакот не ја чепна стативата на Милан во 45 минута, “коментаторот“ не го примети Стам на теренот, иако беше единствениот крупен и ќелав тип во одбраната на гостите.

Инаку, што се однесува до синоќешниот меч, сета мизерија и ограниченост во играта на Мајами и кај нивниот тренер, за која доста се пишуваше тука, беа евидентни и синоќа. Исто како што беа евидентни и сите квалитети и зрелост на младиот тим на Блејзерси, нивниот лидер Рој и одличниот тренер Нејт Мекмилан.

25 comments January 19th, 2008

Кој се плаши од Бен Волас?

Photobucket

Многу добро познато на редовните посетители на МакНБА е дека од моментот кога разбрав дека Чикаго го потпиша Бен Волас за 60 милиони за четири години почнав тој потег да го нарекувам како еден од полошите во последнава деценија. Како се одвиваат работите во втората сезона на Бен во Булси, сосема е јасно каква глупост направи Пексон со Бен пред две и пол години. (Рака на срце, го нарекував и сметав дека Бен е преценет и уште кога беше дел од Детроит).

Но, она што го гледам оваа сезона посебно, а најдобро го илустрира сликата погоре, е падот на некогашниот Нај-Дефанзивец во НБА, (иако типот никогаш не беше нешто многу високо) на самото дно. На времето луѓето на своја одговоронсот влегуваа во рекетот и се соочуваа со Волас. Сега тимовите ја користат секоја прилика да го нападнат типот. Покрај Чилдрес на фотосот, тоа најдобро го покажа и Еди Кари во победата на Никси сред Чикаго минатата недела кога Ајзеа во клучните напади одеше токму преку својот центар кој беше чуван од Волас. На времето тешко дека некој во решавачките напади ќе одеше преку играчот чуван од Бен, но тоа е само минато.

Муабетов ме носи до една друга ствар, која некако се запоставува во секој муабет за Волас. Тоа е важноста на имањето квалитетни соиграчи дефанзивци за самиот ти да бидеш добар одбранбен играч. Волас во Детроит ги имаше Рашид, Мекдајс, Принс, Чонси, Рип и хантер, кои сами по себе се ликови кои нема да дозволат лесни поени. Кога играш со момци со таков пристап, и самиот ти стануваш добар во тој елемент. Кај Бен тоа значеше и титула за Нај-Дефанзивец. Пистонси и по неговото заминување не се ништо послаб одбранбен тим, што кажува многу за нив како екипа, но и за не толку битната улога на Волас.

Факт е дека веќе никој не се плаши од Бен Волас, кој стана една од поголемите смешки во лигата. Веројатно тоа е цената која ја плаќа за милионите (поточно 10 повеќе) кои ги заработува во Чикаго, наместо во Детроит, каде беше сметан за подобар играч од што е поради гореспоменатите момци од тимот на Флип.

Да не зборуваме за негативниот ефект кој договорот на Бен го има врз другите играчи во Чикаго (Денг и Гордон), кои заработуваат само трошки од тоа што незаслужено го добива Бен. И за тоа имав во еден претходен пост.

ПС: Иначе, намерно не ги спомнувам многу-многу Хоукси сезонава. Да не ги избаксузирам случајно во нивната најдобра сезона по доста долго време.

8 comments January 16th, 2008

Фотки на неделата 45 - Triple Threat

Photobucket

17 победи во последните 20 средби!

Прво место на Западот после два и пол месеци игра со скор 26-11!!!

Кој би рекол, посебно после летото поминато во постојани шпекулации за трејд на Коби и за неговото задоволство во Ел-Еј. Во последниот број на ЕСпорт имав поопширен текст за тоа зошто Лејкерси играат добро сезонава, а во кратки црти тоа е новиот Коби или поточно, новиот пристап на Кобстерот на тимот, соиграчите и на триаголникот на Зенот…

Сега, после веста за двата месеци пауза на Бајнам, Коби веројатно ќе мора почесто да личи на ланското своето издание, а тоа го најави и дуелот со Соникси. Не знам зошто, но мислам дека и покрај повредата на Бајнам ќе бидат ОК. Веројатно поради Фил.

Photobucket

Пет победи по редм двете задњи над Бостон, тимот со најдобриот скор во лигата. Со свој скор од 20-16 се наоѓаат на 4, место на Истокот до кое стигнаа без својата прва ѕвезда Аринас. Мислите дека се боњи тим со или без него? И, мислите ли дека Лејкерси уште си маваат глава во ѕид што го дадоа Батлер за Квами Браун?

Еден од тандемот Батлер - Џејмисон мора да се најде во Њу Орлеанс!

Photobucket

18 победи во последните 20 средби!!!

Јас не знам за подобра приказна оваа сезона од Блејзерси, кои од еден од најслабите тимови во лигата по веста за повредата на Оден, се трансформираа во тим со кој никој не сака да игра и тим кој од декември навака буквално гази се пред себе.

Неколку победи по ред можат да се нарекуваат случајност, но 18 во 20 меча е знак на квалитет и зрелост на најмладиот тим во лигата. Зрелост постигната со откачување на неколку надувани егоа кои после секоја партија од 30 поени и 15 скокови мислеа дека го фатиле Господ за муда…

Сега сите се прашуваат дали Портланд може да биде плеј-оф тим. Тоа не е случајно.

8 comments January 15th, 2008

Још мало, па нестало…

За ол-стар петорките он-лајн може да се гласа до крајот на неделава, а јас покрај првиот пат, гласав уште еднаш пред некои десетина дена, а ова е моето трето ливче. До крај мислам да гласам уште еднаш, и тоа пред самиот крај на гласањето. Иако е веќе јасно кои ќе бидат стартерите, некои од тие момци, посебно Трејси Мекгрејди (фала многу, Кинези!), дефинитивно нема да си го заслужат местото во Њу Орлеанс. Но, секоја година е така, така да ништо не ме чуди. Исто како што секоја година има понекој (најчесто од помладите играчи) кој ќе извиси поради себичноста на тренерите да му го дадат својот глас.

Има неколку позиции за кои е доста тешко за да се донесе одлука дека еден играч заслужува да се најде во првите пет пред некој дург, а тоа е посебно случај на втората бековска позиција на Западот (ако се земе во предвид дека Коби е сигурен и дека 100% заслужува да биде стартер). Јас до сега еднаш гласав за Нешти, еднаш за Пол, и сега пак се решавам за домашниот плеј, иако е јасно дека нема шанси да биде во првите пет. Ако се гледа реално, и Берон Дејвис, како и Ален Ајверсон заслужуваат да се најдат во Њу Орлеанс. А зошто не и Брендон Рој?

Иако е јасно дека на Западот стартери ќе бидат Гарнет и Вејд, барем од она што го гледам од нив до сега, а во случајот на Џо - и тимот, јас на ова ливче по прв пат им давам предност на Џо и Џејмисон, кои за разлика од Вејд ги одржуваат своите тимови во игра за место во плеј-офот. Тоа во случајот на Џејмисон е поизразено со оглед на тоа дека Визардси веќе подолго време се без Аринас, па пак имаат позитивен скор.

Јао ги претрка Кејмн и Амари, чисто ради тоа што самиот покажува дека е многу покорисен за тимот од Трејси, додека Бузер и Дирк си заслужија место во првите пет на крило пред Данкан и Кармело, за кои гласаат речиси сите (вон Германија). Кид, Леброн, Хауард и Коби се такозвани - но брејнер.

Photobucket

Photobucket

9 comments January 14th, 2008

Убаво е да си плеј кога играш против Мајами

Photobucket

Како да се постигнат 50 поени од вашите три плејмејкери од 20 обиди од игра без ниту едно слободно, а со 27 асистенции?

Прашајте ги Хорнетси против мизерниот Мајами. Зналац ја спомна партијата на Боби Џексон со Хит, но не е само тој за пофалба. Тоа го заслужуваат сите тројца организатори на играта на Њу Орлеанс во лесната победа над тимот на Залижаниот од петокот вечерта.

Chris Paul, 7-7 FG, 2-2 3FG, 16 поени и 16 асистенции

Bobby Jackson, 9-9 FG, 7-7 3FG, 25 поени и 4 асистенции

Jannero Pargo, 4-4 FG, 1-1 3FG, 9 поени и 7 асистенции

Ова е доволен доказ за тоа зошто Хорнетси се во борба за врвот на силниот Запад од самиот старт на сезоната, како и за тоа колку е бедна одбраната, ако воопшто ја игра, на Мајами.

9 comments January 13th, 2008

Бош со молба до вас

Кевине, што му направи на човекот…

3 comments January 13th, 2008

Што кој к** ќе ми е лектор…

Линков веројатно ќе биде поправен во следниве неколку минути, ама сеирот останува документиран засекогаш…Прочитајте го текстот до крај.

Photobucket

7 comments January 11th, 2008

Next Posts Previous Posts


Календар

January 2008
M T W T F S S
« Dec   Feb »
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031  

Архива

Категории