Archive for January 29th, 2008

Бзззззззззз…

Photobucket

Некој ќе рече, пишувам само за да ги урочам, но стварно не е така. Момците одамна си заслужија и слика и пост и се останато. Посебно момакот десно позади на оваа слика, иако и овој во гро план не е за фрлање.

Хорнетси од минатата недела се на врвот на Западот, нешто што никој, веројатно ни во Њу Орлеанс, не мислел дека е можно пред стартот на оваа сезона. Но, со убаво склопена екипа која за разлика од лани нема проблеми со повредите, екипа во која егото на главната ѕвезда не ги гуши другите играчи и во која акцентот е ставен на несебичната игра, Хорнетси и тоа како имаат потенцијал и квалитет до крај на сезона да останат во трка за некое од првите места на Западот. Нешто што ако се знае дека во вратот ќе им дишат Далас, Феникс, Сан Антонио и можеби Лејкерси, секако не е мала работа. А тука се и Портланд, Јута, Денвер, Голден Стејт и Хјустон кои сакаат место во Топ 8. Ако ништо друго, ќе биде крајно интересно на Западот до самиот крај.

Нормално, секој муабет поврзан со Хорнетси е поврзан и со Крис Пол, кој според она како што игра сезонава, слободно може да се стави во иста категорија со Нешти и Кид, како најдобри плејмејкери во лигата. Кога ќе се земе успехот на тимот и играта во одбраната и нападот, како и годините, тогаш според многумина Пол е и најдобриот плеј во лигата. Дерон и Берон ја заокружуваат првата петорка плејмејкери, во тоа нема сомнеж.

Пред некој ден ми падна на памет какви би биле Санси со Пол и Хорнетси со Нешти. Сигурен сум дека Њу Орлеанс не би го имал овој скор кој го има сега со Неш како плеј, пред се поради неговата игра во одбрана. Од друга страна, мислам дека Санси би биле подеднакво силни и со Пол како плеј. Да не зборам за иднината која е пред Пол со оглед на неговите години. Нешто со што Неш не може да се пофали на кого му остануваат уште сезонадве на врвно ниво.

Друг муабет поврзан со Хорнетси е Тајсон Чендлер, кој е потврда за уште еден катастрофален потег на Џон Пексон како Џи-Ем на Булси. На момакот само му требаше шанса да се покаже во несебична и убаво склопена екипа каква што се Хорнетси, додека Чикаго не веруваше во него па затоа дупло повеќе го плати старецот Бен Волас за да им го “чува рекетот“ и да им лапа голем дел од селари-капот. Според некои, Тајсон заслужува дури и да се најде на Ол-Старот следниот месец како дел од екипата на Западот. Нешто што со оглед на тоа дека Јао и Амари се сигурни на центар, веројатно нема да се случи.

Но, сигурно ќе се случи изборот на Крис Пол како дел од Западот. Кога веќе не беше изгласан од фановите за во првите пет, не смее да не биде изгласан од тренерите. А и не смее да помине ниту една минута тој или Нешти да не се најдат на теренот во Њу Орлеанс.

Хорнетси го имаат и Дејвид Вест кој е еден од најпотценетите играчи во лигата, а во комбинација со Тајсон е ѕверска комбинација во рекетот. Пеџа игра како препороден, а му одговара што не се очекува премногу од него.

Бззззззз…

14 comments January 29th, 2008


Календар

January 2008
M T W T F S S
« Dec   Feb »
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031  

Архива

Категории