Archive for January 19th, 2008

УТЛАВ

Photobucket

Џаред ФРИ, Џоел ПРИЗИБИЛА, Дариус МИЛС, Тревис УТЛАВ (може и Отлав), ПАТ РЕЈЛИ…итд…
И иди ти после гледај НБА на наш канал и сфати ја таа ТВ сериозно…

Човек ќе си рече: “Ај, не е ова Сител, нема да има такви бисери ко тие на И-Ти (и неговиот статистичар)“..и додека нивото на интелигенција (спортска) е нормално на нешто повисоко ниво, сепак, бисерите со имињата на играчите не изостануваат. И тоа со само една утакмица неделно за која човек може да се спрема малце по малце цела недела. Да не зборам за тоа дека секој кој има некое базично познавање на англиски јазик не може така да ги изговара презимињата кои се издвоени најгоре.

Веројатно држи и она - “Каква публика, такви коментатори и такви телевизии“, но стварно ми е преку глава од елементарно непознавање на некои работи и тоталната непрофесионалност која ја имаме кај сите наши ТВ станици (освен можеби А1 со Англиско) при пристапот на покривањето на еден ТВ пренос. Голем дел од нив се жалат дека странските телевизии, како на пр. ХРТ, им ја краделе публиката, па направија се за да ја скинат од кабловска, но проблемот не е кај странците. Кај нив е решението како се врши еден пренос. Решение кое кај нас или не сакаат, или едноставно немаат доволно интелектуален капацитет да го пренесат на својата публика. Или она што најмногу ме плаши - Ама ич не им е гајле за публиката.

Кога сме веќе кај муабетов, како врв на тоталното непознавање на својата работа, пред неколку години, уште кога Лацио важеше за калчо гигант, тие играа во гости на Сан Сиро против Милан. Верувам дека поголемиот дел од вас се сеќава на Јап Стам и тоа каква појава беше Холанѓанецот во одбраната на Лацио. Коментаторот на тој меч на Телма, кој уште си коментира и уште тропа зелени, цело прво полувреме не примети дека Стам е на теренот и на неколку пати рече дека, иако бил во комбинација за први 11, поради некои си причини е на клупата за резерви. Клупата на Лацио ја покажаа неколку пати, ама Јап го немаше никаде. Се додека момакот не ја чепна стативата на Милан во 45 минута, “коментаторот“ не го примети Стам на теренот, иако беше единствениот крупен и ќелав тип во одбраната на гостите.

Инаку, што се однесува до синоќешниот меч, сета мизерија и ограниченост во играта на Мајами и кај нивниот тренер, за која доста се пишуваше тука, беа евидентни и синоќа. Исто како што беа евидентни и сите квалитети и зрелост на младиот тим на Блејзерси, нивниот лидер Рој и одличниот тренер Нејт Мекмилан.

25 comments January 19th, 2008


Календар

January 2008
M T W T F S S
« Dec   Feb »
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031  

Архива

Категории