Кој се плаши од Бен Волас?
Многу добро познато на редовните посетители на МакНБА е дека од моментот кога разбрав дека Чикаго го потпиша Бен Волас за 60 милиони за четири години почнав тој потег да го нарекувам како еден од полошите во последнава деценија. Како се одвиваат работите во втората сезона на Бен во Булси, сосема е јасно каква глупост направи Пексон со Бен пред две и пол години. (Рака на срце, го нарекував и сметав дека Бен е преценет и уште кога беше дел од Детроит).
Но, она што го гледам оваа сезона посебно, а најдобро го илустрира сликата погоре, е падот на некогашниот Нај-Дефанзивец во НБА, (иако типот никогаш не беше нешто многу високо) на самото дно. На времето луѓето на своја одговоронсот влегуваа во рекетот и се соочуваа со Волас. Сега тимовите ја користат секоја прилика да го нападнат типот. Покрај Чилдрес на фотосот, тоа најдобро го покажа и Еди Кари во победата на Никси сред Чикаго минатата недела кога Ајзеа во клучните напади одеше токму преку својот центар кој беше чуван од Волас. На времето тешко дека некој во решавачките напади ќе одеше преку играчот чуван од Бен, но тоа е само минато.
Муабетов ме носи до една друга ствар, која некако се запоставува во секој муабет за Волас. Тоа е важноста на имањето квалитетни соиграчи дефанзивци за самиот ти да бидеш добар одбранбен играч. Волас во Детроит ги имаше Рашид, Мекдајс, Принс, Чонси, Рип и хантер, кои сами по себе се ликови кои нема да дозволат лесни поени. Кога играш со момци со таков пристап, и самиот ти стануваш добар во тој елемент. Кај Бен тоа значеше и титула за Нај-Дефанзивец. Пистонси и по неговото заминување не се ништо послаб одбранбен тим, што кажува многу за нив како екипа, но и за не толку битната улога на Волас.
Факт е дека веќе никој не се плаши од Бен Волас, кој стана една од поголемите смешки во лигата. Веројатно тоа е цената која ја плаќа за милионите (поточно 10 повеќе) кои ги заработува во Чикаго, наместо во Детроит, каде беше сметан за подобар играч од што е поради гореспоменатите момци од тимот на Флип.
Да не зборуваме за негативниот ефект кој договорот на Бен го има врз другите играчи во Чикаго (Денг и Гордон), кои заработуваат само трошки од тоа што незаслужено го добива Бен. И за тоа имав во еден претходен пост.
ПС: Иначе, намерно не ги спомнувам многу-многу Хоукси сезонава. Да не ги избаксузирам случајно во нивната најдобра сезона по доста долго време.
8 comments January 16th, 2008
