Archive for January 14th, 2008

Још мало, па нестало…

За ол-стар петорките он-лајн може да се гласа до крајот на неделава, а јас покрај првиот пат, гласав уште еднаш пред некои десетина дена, а ова е моето трето ливче. До крај мислам да гласам уште еднаш, и тоа пред самиот крај на гласањето. Иако е веќе јасно кои ќе бидат стартерите, некои од тие момци, посебно Трејси Мекгрејди (фала многу, Кинези!), дефинитивно нема да си го заслужат местото во Њу Орлеанс. Но, секоја година е така, така да ништо не ме чуди. Исто како што секоја година има понекој (најчесто од помладите играчи) кој ќе извиси поради себичноста на тренерите да му го дадат својот глас.

Има неколку позиции за кои е доста тешко за да се донесе одлука дека еден играч заслужува да се најде во првите пет пред некој дург, а тоа е посебно случај на втората бековска позиција на Западот (ако се земе во предвид дека Коби е сигурен и дека 100% заслужува да биде стартер). Јас до сега еднаш гласав за Нешти, еднаш за Пол, и сега пак се решавам за домашниот плеј, иако е јасно дека нема шанси да биде во првите пет. Ако се гледа реално, и Берон Дејвис, како и Ален Ајверсон заслужуваат да се најдат во Њу Орлеанс. А зошто не и Брендон Рој?

Иако е јасно дека на Западот стартери ќе бидат Гарнет и Вејд, барем од она што го гледам од нив до сега, а во случајот на Џо - и тимот, јас на ова ливче по прв пат им давам предност на Џо и Џејмисон, кои за разлика од Вејд ги одржуваат своите тимови во игра за место во плеј-офот. Тоа во случајот на Џејмисон е поизразено со оглед на тоа дека Визардси веќе подолго време се без Аринас, па пак имаат позитивен скор.

Јао ги претрка Кејмн и Амари, чисто ради тоа што самиот покажува дека е многу покорисен за тимот од Трејси, додека Бузер и Дирк си заслужија место во првите пет на крило пред Данкан и Кармело, за кои гласаат речиси сите (вон Германија). Кид, Леброн, Хауард и Коби се такозвани - но брејнер.

Photobucket

Photobucket

9 comments January 14th, 2008


Календар

January 2008
M T W T F S S
« Dec   Feb »
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031  

Архива

Категории