Archive for January 9th, 2008

“Не дирај лава док спава“ - викаше дедо ми

Муабетов за тоа како девојка му на Бош е главниот виновник за ѕверската партија на Леброн во последната четвртина против Репторси можеби е малку смешен, ама по се изгледа дека има нешто во целата прича, посебно по гледањето на клипов во кој Леброн како најзаслужна за будењето на ѕверот ја издвојува девојка му на Бош, која заедно со братучетка и цел меч мрчеле и мрчеле и мрчеле…се додека Леброн не решил да ги заќути. Задача која во никој случај не е лесна кога зборуваме за женска особа, камоли за црнкиња.

Одредени медиуми спомнаа дека и повредените Ти-Џеј Форд и Дерек Мартин биле дел од дружбата која го боцкала Леброн. Лекција која ваљда ја научија.

По поразот и 24 поени на Леброн во последната четвртина, Бош имаше само кртака порака за девојка му:

“She’s free to do what she wants,” Bosh said of his No. 1 fan. “But I said, ‘Don’t talk to LeBron any more.’

13 comments January 9th, 2008

Кошаркари од времето бај Бојан - парт ту - Еј-Си Грин

Со мало задоцнување, еве го текстот кој Бојан ми го прати уште лани, а се однесува на Вечитата девица - Еј-Си Грин. Искрено, не знам од каде мотив да се пишува за лик како Еј-Си, ама нема да навлегувам во мотивите:)…

1192 одиграни утакмици по ред (19.11.1986 против Сан Антонио – 18.4.2001 против Орландо)

Photobucket

Да ми каже некој дека у тимот на Лејкерс од 2000 што ја освои титулата против Индијана (јез да ја освои веќе Џејлблејзерси коа ги тепаа, али за тоа у друга прилика) дека имало играч што бил и во тимот кога 1987 ја освоија титулата против Бостон (4-2), или би го прогласил луд, или ке помислам дека можда мисли на коментаторот 50 години што е у Лос Анџелес. Али на кој да му текне на Еј-Си Грин покрај симболите на тие титули Џабар, Меџик, Ворти и Шек, Коби и Рајс. Тоа што не ни текнува на него уопште не значи дека не придонел за тимот или пак дека не вреди да се пишат два-три збора за него.

Роден 4.10.1963 у Портланд, после завршувањето средно во средното Бенсон Политекник, се запишува во локалниот колеџ Орегон Стејт кадешто беше несомнено најголемата звезда во своето време таму, завршувајќи како втор во скокови и четврт во поени во историјата на овој колеџ. Во последната сезона има просек 19.1 поени и 9.2 скокови по натпревар, доволно за да биде избран во третиот тим на најдобри колеџ играчи во Америка.

Шампионите од 1985, Лејкерс, го бираат како 23 пик на драфтот 1985, што можеби беше добро за неговата кариера бидејќи не беше под притисок да го подобри тимот. Во неговата втора и трета сезона, 1986/87 и 1987/88 Лејкерс бек ту бек ја освојуваат титулата бележи просек од 11.1 поени и 8.2 скока по натпревар како и шут од поле поголем од 50%. Во сезоната 88/89 е избран во вториот одбранбен тим на годината а во 1990 е избран за стартер на западната конференција на Ол-Стар натпреварот во Мајами. Вредно за спомнување е дека во 1992/93 е на четврто место во лигата со процент на реализација 53.7%. Во 1989 и 1991 со Лејкерс губи во финалето од Детроит и Чикаго соодветно.

На почетокот на сезоната 1993/94 потпишува со тогашниот вице-шампион Феникс Санс кои со тоа мислат дека го напраиле мозаикот за титулата. Токму во таа сезона бележи кариир хај од 14.7 поени по натпревар како и солидни 9.2 скока во просек. Сепак у финалето на западот губат од Хјустон и Д Дрим во 7 утакмици. Наредната сезона пак бележи добри бројки од 11.2 поени и 8.2 скока за во наредната да доживее голем пад во играта со мизерни 7.5 поени и 6.8 скока во просек.

Photobucket

Во 1996, после периодот во Аризона следува преселба у Далас заедно со Финли, Кесел и пик од втора рунда од драфтот 1997 или 1998, а во Феникс доаѓа Џејсон Кид, Тони Думас и некој Лорен Мејер. Во Далас беше прв скокач во тимот на 30 од 56 утакмици што ги изигра таа сезона. Во наредната сезона поставува НБА рекорд со играње на 907 утакмица по ред на 20.11.1996 против Голден Стејт, надминувајќи го рекордот од 906 на Ренди Смит.

Во сезоната 1999/00 се враќа во Лејкерс кадешто ја освојува својата трета титула во финалето против Индијана.

Последната сезона ја заврши со тренерот со кој ја започна својата кариера Пет Рајли, овој пат во Мајами. Почнувајќи само еден од 82 натпревари, ја заврши својата кариера со поразот од 3-0 во првото коло од Шарлот.

- Во 2003 беше примен во Спортската хала на славните во Орегон.

- Неговите иницијали Еј-Си (А.С.) не се скратеница за никое име.

- Длабоко религиозен, официјално изјавувајќи дека ја почнал и завршил својата кариера како девица.

Лични рекорди (во еден натпревар):

Поени: 35 против Сакраменто 15.1.94

Скокови: 20 против Клиперс 9.1.96

Асистенции: 8 против Лејкерс 11.11.97

Украдени: 6 против Кливленд 13.12.87

Банани: 5 против Сакраменто 12.4.86

Минути: 53 против Далас 12.1.96

НБА Рекорд: 1192 одиграни утакмици по ред(19.11.1986 против Сан Антонио – 18.4.2001 против Орландо) – Од тука и прекарот Ајрон Мен.

PS Фала до Никса и Димо што ме потсетија да пишам за овој играч!

4 comments January 9th, 2008


Календар

January 2008
M T W T F S S
« Dec   Feb »
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031  

Архива

Категории