Archive for January 6th, 2008

Фотка на неделата 44 - Зеленото чудовиште има свое (Големо) бебе

Photobucket

Со право вториот дуел на Пистонси и Селтикси, исто како и нивниот прв пред некои две недели во Бостон, беше најочекуван натпревар до сега, не само на Истокот, туку и во целата лига. Пред мечот беше јасно дека на нечија серија ќе и дојде крајот, а на крајот се испостави дека тоа беше на низата од 11 победи по ред на Детроит, кој мораше да се помири со деветата победа во серија на Бостон.

Иако повеќето (ако не и сите) најави им даваа предност на Пистонси, кои патем си славеа и во Бостон со двете слободни на Чонси во финишот, Селтикси покажаа дека нивниот скор, иако во главном остварен благодарение на најповолниот распоред во лигата и големиот број домашни средби, се сериозна екипа која е легитимен кандидат за тронот на Истокот. Тоа е секогаш така кога покрај своето Големо трио имате играчи кои се способни да помогнат со своја партија на кариерата.

Откако неколку пати сезонава тоа го направија Рондо и Перкинс, а тоа им се случи и на Хаус, Тони Ален и Поузи, сега му дојде редот на Глен “Биг Бејби“ Дејвис, да го искористи максимално фокусот на противничката одбрана врз Гарнет, Ален и Пирс.

Дејвис убаци личен рекорд од 20 поени што е прв пат еден играч кој не се вика Пол, Кевин или Реј да биде прг стрелец на тимот. Заедно со неговите 20 комада, Селтикси покажаа карактер за кој многумина се сомневаа дека го имаат.

25 comments January 6th, 2008


Календар

January 2008
M T W T F S S
« Dec   Feb »
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031  

Архива

Категории