Archive for January, 2008
Кога тимовите је преминуваат границата во лобирањето за своите ѕвезди за тие да се најдат на главната Ол-Стар вечер? Прашајте ги Блејзерси, кои само што загазија на таа територија.
Мислам дека за местото на Рој во Њу Орлеанс на 17-ти може да се дебатира, но и исто така дека и без оваа задња глупост на управата на тимот, без разлика што Ај-Рој изгледа доста добро, мислам дека Рој би можел да се најде меѓу најдобрите на Западот.
Што со оглед на тоа дека доцна вечер (рано сабајле) ќе ги имаме имињата на седумтемина од Истокот и Западот кои ќе го надополнат доживувањето во Њу Орлеанс, е одличен момент да помуабетиме за тоа кои би требале да се најдат во таа седумка. Што нормално, не значи дека и ќе биде така.
ИСТОК
Стартерите ги знаеме, и сите горе-доле си ги заслужија местата во првите пет, посебно Леброн, Двајт и Кеј-Џи.
Тренерите гласаа за по два бека, две крила, еден центар и двајца играчи плус без разлика на позицијата. Така.
Бекови: Билапс и РИП. Детроит е ѕвер и оваа сезона, а причина за тоа, заедно со Шид, е и најмалку експонираниот, најнеатрактивниот и најефикасниот кога е најпотребно бековски тандем на Истокот.
Многумина би кажале дека Реј Ален, Мајкл Ред или Џо Џонсон би требале да се најдат во Њу Орлеанс, ама им давам предност на Чонси и РИП, кои се дел од јака екипа во која тие се главни фаци.
Крила: Овде сум објективен и со оглед на тоа ги бирам Карон Батлер и Пирс. Иако повеќе би сакал да ги видам во Истокот, Џош Смит и Џералд Волас, кои имаат одлични сезони за своите екипи, кои иако играат променливо, сепак се пријатни изненадувања. На моменти.
Батлер е лидерот на Визардси, кои се одлични после повредата на Аринас. Причината за таквиот развој на настаните во Вашингтон е и фактот дека тимот го поприми карактерот на Батлер, кој е типче кое гине во одбраната и е цврст ко камен во секој дуел, било да е во нападот или во одбраната. Пирс мислам дека е, такозвани - но бреинер. со оглед на успехот до сега на Бостон.
Центар: Ова е тешко. Уствари не. Зи е најдобар центар на Истокот после Двајт. Сепак, јас би го ставил Шек, може и како едно од двете плус места, зошто не можам да го замислам Ол-Старот без Шек. Колку и да више не личи на себе. Дизелот е олицетворението на она што Ол-Старот го претставува.
Два плус: Тандемот на Торонто, Крис Бош и…Калдерон!!! - најдобриот плеј на Истокот последниве месец и пол. Можеби тука утре ќе се најдат, мислам на местото на Хозе, Џејмисон или некој трет. Ако веќе мора некој друг, нека биде Хидо…или Џош Смит:)
ЗАПАД
Бекови:Тука по~нува густото, иако мислам дека нема шанси тоа да бидат Нешти и Крис Пол. И двајцата ги спомнав и во претходниот пост, така да не трошиме простор. 100% заслужуваат и двајцата.
Крила: Дирк и Бузер, зошто стварно не ми текнува на било кој друг кој би бил во игра. Џош Хауард почна одлично сезонава, ама Дирк си се врати во стариот ритам. Џекес Џексон е од огромно значење за Вориорси, ама мислам дека е премногу луд за да се најде на ол-стар. Плус, Стерн во никој случај не би дозволил такво ругање на НБА имиџот кој успеа да го исчисти задњиве години.
Буз е ѕверотије.
Центар: Нека биде Амари, иако порано тука пишував и за Крис Кејвмен и за Тајсон, кој сепак може да влета како еден од тие 1+1.
Два плус: Ако биде Тајсон, нека биде и Берон, кој е многу бољи сезонава, а и подобар за една средба како Ол-Старот од еден Тони Лонгориа. Па и Дерон.
Рој не го ставам од погореспомнатите причини…
И пак, iRoy?!?!?
January 31st, 2008
Некој ќе рече, пишувам само за да ги урочам, но стварно не е така. Момците одамна си заслужија и слика и пост и се останато. Посебно момакот десно позади на оваа слика, иако и овој во гро план не е за фрлање.
Хорнетси од минатата недела се на врвот на Западот, нешто што никој, веројатно ни во Њу Орлеанс, не мислел дека е можно пред стартот на оваа сезона. Но, со убаво склопена екипа која за разлика од лани нема проблеми со повредите, екипа во која егото на главната ѕвезда не ги гуши другите играчи и во која акцентот е ставен на несебичната игра, Хорнетси и тоа како имаат потенцијал и квалитет до крај на сезона да останат во трка за некое од првите места на Западот. Нешто што ако се знае дека во вратот ќе им дишат Далас, Феникс, Сан Антонио и можеби Лејкерси, секако не е мала работа. А тука се и Портланд, Јута, Денвер, Голден Стејт и Хјустон кои сакаат место во Топ 8. Ако ништо друго, ќе биде крајно интересно на Западот до самиот крај.
Нормално, секој муабет поврзан со Хорнетси е поврзан и со Крис Пол, кој според она како што игра сезонава, слободно може да се стави во иста категорија со Нешти и Кид, како најдобри плејмејкери во лигата. Кога ќе се земе успехот на тимот и играта во одбраната и нападот, како и годините, тогаш според многумина Пол е и најдобриот плеј во лигата. Дерон и Берон ја заокружуваат првата петорка плејмејкери, во тоа нема сомнеж.
Пред некој ден ми падна на памет какви би биле Санси со Пол и Хорнетси со Нешти. Сигурен сум дека Њу Орлеанс не би го имал овој скор кој го има сега со Неш како плеј, пред се поради неговата игра во одбрана. Од друга страна, мислам дека Санси би биле подеднакво силни и со Пол како плеј. Да не зборам за иднината која е пред Пол со оглед на неговите години. Нешто со што Неш не може да се пофали на кого му остануваат уште сезонадве на врвно ниво.
Друг муабет поврзан со Хорнетси е Тајсон Чендлер, кој е потврда за уште еден катастрофален потег на Џон Пексон како Џи-Ем на Булси. На момакот само му требаше шанса да се покаже во несебична и убаво склопена екипа каква што се Хорнетси, додека Чикаго не веруваше во него па затоа дупло повеќе го плати старецот Бен Волас за да им го “чува рекетот“ и да им лапа голем дел од селари-капот. Според некои, Тајсон заслужува дури и да се најде на Ол-Старот следниот месец како дел од екипата на Западот. Нешто што со оглед на тоа дека Јао и Амари се сигурни на центар, веројатно нема да се случи.
Но, сигурно ќе се случи изборот на Крис Пол како дел од Западот. Кога веќе не беше изгласан од фановите за во првите пет, не смее да не биде изгласан од тренерите. А и не смее да помине ниту една минута тој или Нешти да не се најдат на теренот во Њу Орлеанс.
Хорнетси го имаат и Дејвид Вест кој е еден од најпотценетите играчи во лигата, а во комбинација со Тајсон е ѕверска комбинација во рекетот. Пеџа игра како препороден, а му одговара што не се очекува премногу од него.
Бззззззз…
January 29th, 2008
Феникс се уште ми останува една од најсофт екипите во лигата, ама барем момците знаат да се зезаат на таа тема. Не дека Стив Неш би му можел нешто на Хори, ама барем знае да се зеза…
По гостувањето во Финска, Пипен ја посети и Москва како дел од својата самоиницијативна светска турнеја, која најверојатно ќе го однесе таму каде ќе се најде некој да му плати да го види. Колку рубљи лапнал, не се знае, ама сигурно не бил за џабе во ладната Москва. Исто како што не бил да го разгледува Царскиот дворец, музеите или Кремљ. Клипот е солидно интервју за секој кој се интересира што се дешава со Пип.
Знам дека Спарси имаа предност плус над ослабените Лејкерси, ама вака лесно не би требало да биде никогаш лесно кога играат две екипи кои се во борба за врвот на Западот. Кутриот Квами, (кој и онака си е кутар), не ни знаеше што се дешава.
January 25th, 2008
Кинезите, кој друг, први успеаја да го пробијат дизајнот на дресовите на Истокот и Западот за Ол-Старот во Њу Орлеанс следниот месец. Еве го и линкот до Кинезите.
Мене лично дресовиве ми делуваат малку без везе, пред се зошто не можам да ги замислам играчите со вака дволични дресови. Посебно боде очи златнава. Но, кој знае, може и да излезе на убаво…
January 24th, 2008
Знам, сликава не е баш најнова, ама кога веќе се познати четворицата момци кои оваа година ќе се натпреваруваат во летање во Њу Орлеанс, вреди да се потсетиме на оние кои се вистинските шампиони во оваа категорија, посебно триото постари легенди кои го обележаа патот за новите геренарции, пред се двајцата момци кои ја имаат таа чест да бидат со нив на оваа слика.
Место во овие пет нема никогаш да има било кој друг, посебно не никој од овие четири играчи кои оваа година ќе куцаат, а од кои единствено Двајт е вистинска НБА ѕвезда, а Геј има потенцијал тоа да стане.
За овогодинешново натпреварување, има време до 16.02. Ќе пишуваме…
January 22nd, 2008
40 години не се малце. Целосно ги разбирам сите во Сиетл кои сакаат и следната сезона да ги гледаат Соникси на секоја нивна наредна домашна средба, иако се поизвесна е нивната преселба во Оклахома сити.
40 години и еден дрес со бр. 40 преку кој најголемиот дел од овдешните НБА фанови се запознаа со Соникси…Нејќам да сум во кожата на фановите на Сиетл, без разлика колку им е мизерен тимот оваа сезона…
Куцањата на т.н. “Дождовниот“…Џвакањето со отворена уста и постојаниот треш-токинг на Пејтон…Неговото куцање во финалето против Булси…Плавата коса на Џек Сикма…Шутчето на Херши Хоукинс…Фризот на Дејвид Вингејт…Гласот и триците на Сем Перкинс…Стегачот за глава на Слик Вотс…Смотаноста на Џим Мекилвејн…Тенките нерви на Френк Бриковски…“Иксот“ на Ксавиер Мекданиел…Џигерите на Том Чемберс и Детлеф Шремф…итд…додадете сами…
January 21st, 2008
Previous Posts