Archive for December 23rd, 2007

(Нај)Добра Десетка

Обично немам навика секој ден да ставам Топ 5 или 10 од претходната вечер. Арно ама, синоќешниот беше нешто посебно, со два шута за победа, со две страшни асистенции на двајцата најдобри плејмејкери задњиве десетина години, со една “жива“ блокада на Шон Вилијамс и неколку други екстра потези.

На листата го има и Бош, чии рекордни во кариерата 42 поени не им беа доволни на Репторси да слават во Аризона. Не знаш за што попрво е показател оваа партија на Бош. Дали за тоа дека на Торонто очајно му фали втора опција во нападот во која, за нивна жал, сезонава не се развива Барњани, или пак е доказ за промајата во рекетот на Феникс, која владее, со засилено темпо, по трампањето на Курт Томас. А, и да, доказ на фактот дека Амари е очаен дефанзивец.

Што се однесува до шутевите за победа на Вејд и Иги, тој на Флеш е посреќен, ама и поочекуван. Човекот веќе се нашол во таа ситуација, и тоа не еднаш. Тоа може да се види и по реакцијата по кошот на Вејд и таа на Игудала. Како и да е, свака му част на Иги за партијата во задњата четвртина.

Еве…Има што да се види.

ПС: Кога сме кај Десетките, свака им част и на Блејзерси за нивната десета победа во серија во петокот кога по втор пат во кусо време ги тепаа Нагетси. Ајверсон и Мело постигнаа по 34 поени или 68 од вкупно 96-те поени на Денвер, што е џабе ако немате остаток на тим кој знае да игра со две суперѕвезди кои имаат тенденција, а посебно Мело, да се претворат во Црни дупки.

9 comments December 23rd, 2007


Календар

December 2007
M T W T F S S
« Nov   Jan »
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31  

Архива

Категории