Фотка на неделата 43 - RIP City
Ретко кој пред стартот на сезонава мислеше дека Блејзерси ќе бидат некој фактор на Западот и дека цела сезона вусшност ќе биде едно големо чекање и спремање за дебито на Грег Оден на стартот на сезоната 2008-09.
После месец дена играње тие имаат скор 13-12 со одлична серија од осум победи по ред која не ја очекуваа веројатно ниту нивните најверни фанови. Причини за ваквата игра на Портланд, кој моментално е дел од осумте најдобри екипи на Западот има неколку.
- Порастот на самодовербата во тимот по неколкуте добри резултати во што најголема улога има тренерот Нејт Мекмилан, кој е трпелив со младите играчи, како и брзото созревање на Брендон Рој во лидер на тимот.
- Заминувањето на Зеко Рендолф летово во Њујорк, со што кај се отвори место за напредок на Ламаркус Олдриџ, него и Блејзерси добија и млад талент кој одлично се вклопува во нивната конценпција во Ченинг Фрај.
- Тревис Аутло, Џарет Џек и Мартел Вебстер како млади играчи кои имаат напредок во играта. Пред се Аутло, кој е едно од најпријатните изненадувања сезонава.
- Ротацијата на плеј. Ако немаат еден стварно класа плеј, Блејзерси барем имаат три доста добри организатори кои се надополнуваат еден со друг во Џек, Блејк и Родригез.
- Немањето проблем со судир на нечии ега, затоа што сите во тимот сакаат да се докажат.
- Неиграњето на Дариус Мајлс, кој сепак се уште им влече добар дел од селари-капот.
- Расчистувањето со Џејлблејзерси.
12 comments December 18th, 2007
