Archive for December 16th, 2007

Кошаркари од времето - бај Бојан - парт уан…Шон Елиот

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Кога се спомнува шампионскиот тим на Сан Антонио од 1999 сигурно ќе ви текне на Робинсон, Данкан, Ејвори Џонсон, по малце на Марио Ели и Малик Роуз ама скоро на никој нема да му текне на Шон Елиот. Но и тоа како заслужува овој играч неговото име да се спомнува меѓу еден од подобрите ол раунд играчи у деведесетите.

Роден 2.2.1968 во Аризона, Елиот имаше повеќе од солидна колеџ кариера на Универзитот Аризона кога во својата претпоследна сезона од колеџ баскетот имаше во просек 19.6 поени и 5.8 скока за во наредната уште повеќе да си ја подобри статистиката достигнувајќи во просек 22.3 поени, 7.2 скока и 4.1 асистенции по натпревар. Тоа беше доволно, покрај многу награди за колеџ играч на годината, Сан Антонио да го избере како трет пик на драфтот 1989. Иако помалку беше затемнет од страна на Робинсон кој истотака таа сезона беше дебитант (језда драфтуван 1987 Робинсон имаше две години обврска према морнарицата) сепак руки сезоната ја заврши со 10.0 поени и 3.7 скока по натпревар и место во вториот руки тим. Со константото подобрување на своите бројки дојде и повикот за настап во Ол-Стар тимот на западот во 1993 сезоната во која Елиот имаше во просек 17.2 поени, 4.6 скока и 3.8 асистенции по натпревар

Во наредната сезона пак беше дел од трејдот што го донесе Денис Родман од Детроит во Сан Антонио. По малиот пад во играта во Детроит во кој во единствената сезона со тимот бележеше 12.1 поени по натпревар следуваше интересна оф-сезона за Елиот. Летото 1994 беше трампан во Хјустон во размена за Роберт Хори. И кога цела работа беше скоро финализирана Елиот падна на медицинските прегледи при што пропадна трејдот и Детроиот пак го потпишаа за наредниот ден да го трампаат назад во Сан Антонио во размена за драфт правата врз некојси Бил Карли и втор пик од драфтот 97. Повторно назад во Сан Антонио се пронаоѓа себеси и бележи највисок просек на поени во кариерата во 1996 кога имаше 20.0 поени по натпревар (нормално уште еден Ол-Стар настап за Елиот).

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Откако во сезоните 96/97 и 97/98 ке изигра само 75 натпревари, следуваше можеби не најдобрата за неговата статистика, но сигурно најдобрата за неговиот тим и неговата кариера. Играјќи ги сите 50 натпревари од лок-аут скратената сезона 1999 и сретнувајќи се со Портланд во финалето на Западот, се деси можеби најпрепознатливиот момент од неговата кариера.

При водство 1-0 за Портланд и губејќи од нив на домашен терен во втората утакмица од западното финале 1999 со 18 разлика, малкумина кој веруваше дека Сан Антонио ке ја направи интересна завршницата а камоли да тепа. Но со неколку мини-серии се доближија на 85-83 на 12 секунди до крајот и топка од страна. По уфрлувањето на топката од страна Елиот се утрча да ја прими топката на тројка од крило притоа избегнувајќи го Стејси Огмон да му ја украде. Откако се стабилизираше со нозете за да не згазне со петите во аут следуваше шут за три преку Рашид Волас и конечно топката влезе во обрачот давајќи му го на Сан Антонио првото водство на натпреварот 86-85. Резултатот остана така до крај и Сан Антонио изедначи на 1-1 што можеби беше клучно за понатамошниот тек на серијата и евентуалното освојување на титулата против Њујорк.


После таа сезона, сите натписи за Елиот во весниците не беа од играчки карактер туку за неговата трансплантација на бубрег, дониран од брат му Ноел. Со тоа стана првиот играч во НБА што успеал да се врати од трансплантација на бубрег (после него нормално и Алонзо). Последните две негови сезони беа повеќе препознаени по кам-бекот отколку по неговата игра. Се пензионираше на крајот на сезоната 2001.

- Рекорд во поени во натпревар: 41 против Далас 1992.

- Рекорд во скокови во натпревар: 17 против Хјустон 1992.

- Рекорд во скокови во натпревар: 12 против Денвер 1990.

- Рекорд во украдени во натпревар: 6 против Њу Џерси 1989.

- Играч на неделата што заврши на 27.12.1992 со просек од 27.3 поени, 6.3 скока и 6.0 асистенции по натпревар.

- Беше член на тимот на Америка за Светското првенство во баскет 1986.

- Во раните денови во Сан Антонио го викале Нинџа поради страотната одбрана што ја играл.

- Спортската сала во неговото средно школо го носи неговото име.

* * * * * *

Еве и како гласал Бојан:

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

12 comments December 16th, 2007


Календар

December 2007
M T W T F S S
« Nov   Jan »
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31  

Архива

Категории