Верувате ли во Магија?…руки-пост на Бојан
(Уште пред некое време пишував дека би сакал некои од вас, кои ја следат МакНБА веќе некое време, да ми пратат некој текст, да напишат нешто и со тоа да се вклучат во градењето/проширувањето на куќава која јас и Шепард ја изградивме. Шеп веќе подолго време е на продолжен годишен одмор, а јас па веќе три месеци немам нет дома, така да апдејтувањето по неколку пати на ден како порано не се случува веќе. Не дека нема, ама за сега сме на 1-2 поста дневно. Бојан ме контактираше минатата недела, и како некој кој веќе подолго време прати НБА, се понуди да шкртне нешто од време на време. Тоа дека е фан на Орландо не мора да ви го кажувам. Нели? Тејк ит авеј, Бојане…)
Дали магијата овој пат ќе остане за време на целата сезона?
Orlando е еден од тимовите со најдобар старт оваа сезона почнувајќи ја сезоната со повеќе од солиден скор 14-5. Младиот нуклеус на тимот и немањето на супер-зведза во тимот што укажува на тимска игра се покажува клучно за тимот од Флорида…
Не, ова не е статија за оваа сезона туку скоро истата статија што се вртеше овој период лани. И годинава приказната за стартот е горе доле иста, но…
За разлика од минатата, оваа година иако се со приближно исти скор (16-4) во Orlando а и во сите NBA кругови се чувствува нешто различно во овој можеби најдобар тим на Орландо после 1996 со O’Neal, Hardaway, Anderson, Scott. Што е тоа што го направи Орландо од симбол за дно на дивизија и чистка во прво коло во легитимен play-off конtендер, дури и кандидат за шампион на дивизијата, земено во предвид дека се заедно со Washington, кој 3 месеци без Arenas и не е некој Washington да бидеме реални, и Miami кој што ради повреди, што ради староста, што ради лоши трампи премина од тим со шампионски амбиции во тим кој успех му е прво коло во play-off.
Orlando пак од друга страна може да се пофали со најголемиот број на победи во лигата (16) и со константото подобрување на тимот. Еве ги најклучните фактори зошто Orlando е најпријатното изненадување во лигата. За тоа најдобро говори и фактот дека ESPN ги категоризираше како најдобар тим во лигата досега.
- Досега оваа сезона имаат скор на гости 11-2 (најдобар во лигата) додека лани во тек на целата сезона немаа толку победи на гости (читај: 10-31). Иако сеуште знаат водство од 20 разлика да го доведат во прашање при крај на натпреварот сепак сега знаат и да го запрат моментумот на противникот и со малце смиреност да го приведат натпреварот во нивна корист. Во вакви ситуации најизразит е Rashard Lewis. (за него малце подоле)
- Stan Van Gundy кој го презема тимот по дебаклот со Billy Donovan е тренер кој е познат по тоа што го вади максимумот од офанзивниот репертоар на својот тим при што Orlando е еден од тимовите со најголем број на забивања (Dwight Howard нормално), и со најголем број на упатени шутови за тројка(Lewis, Bogans, Turkoglu, Nelson, Dooling). Van Gundy е истотака познат по тоа што е способен да работи со млад тим, како што беше случајот со Miami пред Riley да го замени.
- Немањето респект кон никој друг во лигата. За ова најдобро говори фактот дека се првиот тим што му го нанесоа на Boston првиот пораз во оваа сезона како и одличната партија против San Antonio во која имаа 56% шут од поле и 50% шут за три (рака на срце оваа партија ја изгубија али сепак San Antonio си е San Antonio).
Стартната петорка на Orlando Magic.
- Dwight Howard – Во просек 23,2 поени 15,1 скока и 61% шут од поле по натпревар.Не за џабе на повеќето листи за MVP кандидати се истакнува како прво место The Beast from The East кој има повеќе забивања од 25 други тимови во лигата!!! Овие бројки ги достигнува иако сеуште нема разработено шут од надвор како Duncan на пример иако интензивно работи на својот офанзивен репертоар со помошниот тренер во Orlando – Patrick Ewing. Најинтересното – денес, 8 декември Howard полни 22 години. Колку ли му е само светла иднината и до кај ли ќе скока овој човек само времето ќе ни покаже.
- Rashard Lewis – Во просек 19,1 поени и 5,2 скока по натпревар. Иако никогаш можеби нема да ги исплати 120те милиони што ги вложија во него сепак се покажа како одлично засилување. Тој е човекот кој со своите тројки ги прекинува сериите на противниците на крајот на натпреварот. Истотака докажува дека не му е проблем да игра четворка. Противничките одбрани сега ќе се подразмислат дали да го удвојат Howard знаејќи дека Lewis стрпеливо си чека на тројка.
- Hedo Turkoglu – Во просек 18,5 поени, 6,4 скока и 4,2 асистенции по натпревар. Едноставно all-star сезона за Pippen од Босфорот. Секој натпревар го има завршено со двоцифрен број на поени. Истотака ги зголеми и бројот на скокови и асистенции и во неколку наврати флертуваше со трипл дабл. Можеби најголемото изненадување во лигата досега.
- Jameer Nelson – Во просек 12,2 поени 4,5 скока и 6,2 асистенции по натпревар. Иако не се некои посебни бројки сепак за забележување се фактите дека има голем број на скокови како за плеј и солидниот број на асистенции (од кои 80% му се цепелини за Howard). Добри бројки за Jameer на кој сеуште многумина гледаат како недоволно добар плејмејкер. Најважно ја разбира играта и го разбира фактот дека не треба да троши многу топки – pass first, shoot second.
- Keith Bogans – Во просек 10,3 поени и 4,0 скока по натпревар. Со оглед на тоа што е петта опција во својот тим и има 38% на шутеви за тројка солидни бројки за играчот за којшто скоро никој не знае подалеку од Orlando.
P.S. Тревор Ариза е трампан за Maurice Evans и Brian Cook. Кој ќе профитира од трампава времето ќе покаже, ама им требаше на Orlando високо крило после повредата на Tony Battie со која што му заврши сезоната.
Вредни за спомнување: Keyon Dooling, Adonal Foyle, Carlos Arroyo, JJ Redick, Pat Garrity и Otis Smith (овој последниот им е генерален менаџер).
Иначе, ова е Бојан:
15 comments December 10th, 2007



