Фотка на неделата 42 - Manu e Мano

Кога му падна серверот на едно од колената на Тимчо Роботочо, сите помислија дека Спарси ќе почнат да губат, посебно со оглед на распоредот и двата дуели по ред, прво со Далас, а потоа со Јута.
Не викам дека Спарси се шампиони и без Тимчо, за такво нешто сепак им треба една од најдобрите четворки на сите времиња, но и без него тие се доста добра, искусна екипа која знае да игра со секој противник. Во тоа се уверија Мавси и Јута, кои беа сведоци и на големината на еден Ману Џинобили.
Ману несебично, се откажа од местото во првите пет, соп цел што подобро да бидат искористени неговите квалитети од Попович. Јасно е дека тој може секоја вечер да биде на просек од 20-25 поени, но тоа не е поентата кога играте во Сан Антонио. Кога требаше, Ману им убаци по 37 поени на Далас и Јута за две победи на шампионот. Колку да потсети кој е кој и каде спие “Лери О’Браен“.
7 comments December 9th, 2007