Archive for December 7th, 2007

Џо е жив!

Иако Хоукси, барем за нив, оваа сезона играа солидно, на секоја нивна средба ми недостигаше нешто. Младите момци, заедно со Хорфорд си завршуваа работа колку што можеа, ама сезонава го немаше вообичаениот ефект врз нивната игра на Џо Џонсон, кој би требал (и морал) да биде лидер на овој талентиран тим. До сега Џо има послаб просек во скоро секоја категорија во однос на минатите две сезони, а бројките не беа нешто подобри ни против Минесота сабајлево.

Сепак, ако нешто е добро за некој играч да се врати во стариот ритам, тоа е шут за победа со звук на сирената. Тоа и му се деси на Џо против слабите Вулфси. Сега само да се надевам (како еден од ретките фанови на Атланта) дека ќе продолжи таму каде што застана сабајлево.

12 comments December 7th, 2007


Календар

December 2007
M T W T F S S
« Nov   Jan »
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31  

Архива

Категории