Archive for December 6th, 2007

Штрајк на Кид

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Според повеќе извори, причината за неиграњето на Кид синоќа против Нетси не била мигрената, туку незадоволството на Џејсон со насоката во која се движат Нетси.

Е сеа, ако некој има право да се буни за нешто во Њу Џерси, тоа е Џејсон. Човекот кој на свој грб просечниот тим од почетокот на деценијава го однесе до големото финале и кој секоја вечер дава се од себе на теренот. Сигурен сум, доколку се испостави дека навистина штрајкувал против Никси, дека најголемиот дел од медиумите, посебно тие од околината на Њујорк/Њу Џерси, ќе го ратсргнат Кид за неговиот непрофесионален однос, притао вадејќи ги на свелтото на денот сите негови ситни и слични афери кои се мотаа околу него додека е дел од Нетси.

Нормално дека нема оправдување за таков потег на било кој играч, но во вакви ситуации не смее да се заборави кој играч го прави тоа. После се што направи за тимот до сега, нормално е Кид да биде исфрустриран од тоа што освен Картер, кој и онака не дава се од себе секоја вечер, и Џеферсон, нема соиграчи кои би му помогнале во трката по врвот на Истокот. Крстиќ е ужасен сезонава, Нахбар игра нешто чат-пат, од Меглор и не треба ништо да се очекува и тоа е тоа.

Доколку е вистина, тогаш мислам дека Нетси нема многу да чекаат со трејд на Кид. Познато е дека од минатата сезона Лејкерси се загреани за него, иако не знам што би им понудиле за возврат. Далас беше, а веројатно пак е заинтересиран откако нивниот нов стартен плеј Девин Херис игра топло-ладно сезонава, а и факт е дека никогаш нема да биде играч од типот на Кид. И Кливленд се спомнуваше некаде како желба, иако Кавси немаат ама баш ништо да им понудат на Нетси.

12 comments December 6th, 2007


Календар

December 2007
M T W T F S S
« Nov   Jan »
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31  

Архива

Категории