Трагично

Стефон Марбери обично (и не само тука) ни служел за потсмев поради неговите изјави, посебно тие последново лето, како и поради својот интелект. Но, она што му се случи нему и на неговото семејство во неделата вечер никако не е смешно. Всушност, 100% е трагично.
Веројатно до сега знаете дека татко му на Стефон, Дон Марбери, починал во неделата вечер откако му се слошило во текот на дуелот на Никси и Санси, на кој тој самиот присуствувал. Дон починал, тоа до сега не е баш целосно разјаснето, или во амбулантното возило кое го носело од МСГ до болницата, или пак веднаш кога бил донесен во болницата. Како и да е, страшна е и самат помисла за тоа низ што поминувал Стефон кога во соблекувалнта по средбата му кажале дека татко му умрел додека го гледал својот син како игра на теренот. Иначем на барање на негов близок роднина, на Стеф не му било кажано за трагедијата се до после поразот од Санси.
Трагично.
Само една ствар ми се мота низ глава: Дали во текот на второто полувреме Стефон барем еднаш погледнал кон местото на својот татко на трибините, дали воопшто знаел каде седи тој и дали пак воопшто знаел дека татко му е во арената?
10 comments December 4th, 2007