Нек се угоде!
7 comments December 31st, 2007
Ланското лето со Шеп правевме муабет и планови да направиме NBA Macedonia маици, кои покрај тоа што би ги поделиле (продале?) на оние кои би сакале да си имаат такво нешто во шкафот, би пробале и да испратиме понекоја на одредени играчи (надвор од Македонија, разбира се), кои би се сликале во таа маица. Први на список ни беа Рајан Стак, како “наш“ човек на привремена работа во Грција, не само ради тоа што момакот е фаца и генерално стварно добар дечко, него и тоа што во тој момент играше за Олимпијакос. Можете да замислите на каква реакција ќе наидеше неговата слика со NBA Macedonia на градите кај импотентните ни соседи. Ние во меѓувреме ќе си фаќавме сеир и грчки спамови.
После тоа ни падна на памет и соиграчот на Стак, Софоклис Скорцијанитис звани Бејби Шек, асли Грк, на кого мислевме да му испратиме од “маиците ту-би“, ама се откажавме зошто тешко дека ќе најдевме кај нас маица со величина која би го покрила типот, а шаторски крила со црна боја не ни се наоѓаа.
Така, таа идеја си остана на истата маса покрај пивата и кикириките, а сличното се слуши и со постирањето на Шеп на МакНБА.:)
Сега муабетот ме носи на новите фаци од преку барата кои би требале да бидат наши засилувања во репрезентацијата. Стак беше сосема Ок, се додека не се повреди лани и не заглави во пеколот на Пини Гершон во Олимпијакос. Вилкинсон е ол-араунд скромен тип, барем кога зборуваме за задачите околу кошот, ама мислам дека тоа не беше она што ни требаше во последните квалификации. Она што ни треба е ѕвер, кој ќе може, ако не секогаш, од време на време да доминира во рекетот и со своите атрактивни забивања да ја подига атмосферата и кај соиграчите и кај публиката.
Запознајте се со Џеремаја Мејси. Тие што следат европски баскет знаат дека тој во моментов е една од најдобрите, (ако не и најдобрата) “четворки“ во Европа и тип кој ни го дава тоа што Вилкинсон не можеше. Знам дека момакот не заиграл ни една минута за нас, но најважното е дека се согласи да биде дел од нашиот тим, за што зборува и сликата подолу. Барем додека не му дадеме да облече наша маица..кога ќе успееме да ја направиме.
ПС: Иначе, Јеремије игра за Арис:)
10 comments December 30th, 2007

ден два три пројдени без сон
ден два, ставив римајндер на телефон
за да станам и да ја изгледам текмата
право да си признам
пекмез мислев станал бајнум петката
на лејкерси млад, и стап
набилдан и јак
мужина јачина муда ко пајажина на пружина
ги изеде сонцата ко за ужина
куцања скокови блокови лактови ги покоси
мускули бре црнечки со амари брише патоси
им ги исклоца размрданите газови
ги згазија ги сведоа на пацови
а коби што да кажам абе вонземски талент
потење и напор, па не играме балет
него тотален баскет од кој крцка паркет
избор на потези ко во голем супермаркет
еј ролинг или кросовер на дупе бута
отсвртување и преку рака пеес шута
за два, за три, за осумдесет поени
џабе нешти, деновите се избројани
ни зад мтв коментатор ни зад лош тв прием
лузерот од феникс не не не може да се скрие
еј барбоса земи фати срп и коса и да косиш
трева пакувај во снопови да носиш
коњи на поило и лисја тутуни да редиш
мерион моеш комотно за во музеј да си средиш
во некоја поставка за каменото доба да си седиш
ко дома
праисторија, да запалиш огин пробај
со стапче, со камен, ко скинер гола вода
со горена брада бодибилдер
и глодар
и џабе ви е све
кога го имаме фишер на плеј
да испумпува со лева
а задожен да дига џева
број седум ламар одом
и оној радманович ко кондом
а тревор ариза
ех грент хил е во криза
испи спрајт во фаца
суетата го гриза
џабе што да редам кога убо си се виде
лејкерси најјаки абе лејкер сум до гуша
допрва наше време иде
за новиот шоутајм светот нека слуша
20 comments December 26th, 2007
Од вчера мислите ми се усте хаос…не знам дали најдоброто беше тесниот резултат…или да го гледаш најдобриот во живо…или еден од најдобрите тренери…или свирењето на сметката на Ајзеа…или легендарната сала…или јубилејот на Кобе…или најпознатите тимови во лигата…или се…
Стварно беше одлично…
MSG е огромна градба…со картите добивме 10 саати паркинг спот и таму го видовме Реналдо Болкман…дечкото е огромен мада уопште не влезе на вчерашната утакмица. Пред салата имаше све и свашта…од луѓе што се караат кој е најбољи: ЛеБрон или Кобе?…до луѓе што продаваат маици со натпис DON’T HATE THE PLAYER OR THE GAME…HATE THE COACH…и слика од Ајзеа Томас.
Кога влеговме имаше саат време до утакмицата па прошетавме низ тоа фан-шоповите на Никси и таму има се што мозеш да замислиш со логото на Никси…што се однесува до јадење и пиење…ИЗГОР…обична вода 5$…мал хот-дог 7.50…али ќе купуваш коа си 4 саати таму…тоа е тоа…
Коби уопште не се појави на загревањето па малце се загрижив да не не игра, али коа се појави цел МSG на нозе…и овации…не знам зашто луѓето у Македонија имаат претстава дека сите останати тимови го мразат Коби…уствари многу го почитуваат…За време на загревањето Брајан Шо шутираше со тимот и типот уште го има оној шут што на Лејкерси им донесе многу 4-th quarter comebacks пред 6-7 години…Бајнам е стока.
Кога ги претставуваа тимовите за Коби имаше најголеми овации, а кога спикерот рече KNICKS COACH ISAIAH THOMAS, цела сала поЧна да скандира - FIRE ISAIAH! и на моменти личеше на Работнички-МЗТ…
Ова ми беше прв пат да ги гледам Никси оваа сезона и слободно можам да кажам дека се еден од најлошите тимови евер… Промашени слободни, положувања, чисти шутеви, лоши пасови…а бе, катастрофа…делуваа ко добар колеџ тим што добил шанса против “големите момци”…Коби одма покажа во кој правец ке оди натпреварот со неколку екстра потези ја придоби публиката која не пропушташе секој лош потег на Никси да го “награди” со свирежи…
Коби стигна до 20 000 поени на почетокот на 3чет., ама никој ништо не кажа, па јас дознав дури после натпреварот…Џил Џексон уште еднаш си поигра со исходот на натпреварот кога ги повлече Коби и Бајнам на 10 минути и Њујорк се разигра…
Kако и да е Лејкерси успеаа да ги задржат во последниот посед и победата од 95-90 не ја дава правата слика на работите на теренот…Ја кај што седев сите навиваа за Лејкерси и кога Фармар ја украде топката на 3 секунди до крај сите се гушкаа…поздрави…а бе, многу закон беше…
На излезите имаат фотки од легендарните серии мегу Њујорк и Мајами, Чикаго, Детроит и останатите некогашни големи тимови на Истокот…Надвор од салата имаше пак луѓе што продаваа маици и збореа нешто во стилот DON;T TELL ME, ANOTHER LOSS BY THE FREAK ISAIAH…Тука луѓето го мразат…стварно не знам зашто толку сака да си ја задржи работата…
Како и да е стварно добро искуство и среќен сум што бев таму во моментот кога Коби ја премина бариерата што само 30-тина играчи во историјата на НБА успеале да ја поминат.
PS: Повеќе фотки тука, тука, тука и тука.
9 comments December 25th, 2007

Чекајќи го Петар…
8 comments December 24th, 2007
Обично немам навика секој ден да ставам Топ 5 или 10 од претходната вечер. Арно ама, синоќешниот беше нешто посебно, со два шута за победа, со две страшни асистенции на двајцата најдобри плејмејкери задњиве десетина години, со една “жива“ блокада на Шон Вилијамс и неколку други екстра потези.
На листата го има и Бош, чии рекордни во кариерата 42 поени не им беа доволни на Репторси да слават во Аризона. Не знаш за што попрво е показател оваа партија на Бош. Дали за тоа дека на Торонто очајно му фали втора опција во нападот во која, за нивна жал, сезонава не се развива Барњани, или пак е доказ за промајата во рекетот на Феникс, која владее, со засилено темпо, по трампањето на Курт Томас. А, и да, доказ на фактот дека Амари е очаен дефанзивец.
Што се однесува до шутевите за победа на Вејд и Иги, тој на Флеш е посреќен, ама и поочекуван. Човекот веќе се нашол во таа ситуација, и тоа не еднаш. Тоа може да се види и по реакцијата по кошот на Вејд и таа на Игудала. Како и да е, свака му част на Иги за партијата во задњата четвртина.
Еве…Има што да се види.
ПС: Кога сме кај Десетките, свака им част и на Блејзерси за нивната десета победа во серија во петокот кога по втор пат во кусо време ги тепаа Нагетси. Ајверсон и Мело постигнаа по 34 поени или 68 од вкупно 96-те поени на Денвер, што е џабе ако немате остаток на тим кој знае да игра со две суперѕвезди кои имаат тенденција, а посебно Мело, да се претворат во Црни дупки.
9 comments December 23rd, 2007
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| « Nov | Jan » | |||||
| 1 | 2 | |||||
| 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
| 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
| 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |
| 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
| 31 | ||||||