Archive for November, 2007

Надежта (не Надежда) се уште живее во Мајами

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Синоќа Мајами за прв пат по плескањето од страна на Булси минатиот април во 1. рунда од плеј-офот во тимот пак го имаше својот суперстар и…и со Вејд продолжија таму каде што застанаа…. и тоа по седми пат оваа сезона. Да биде уште потрагично, загубија од еден од најбедните тимови во лигата, Сиетл, кој до вчера немаше ни една победа со осум порази по ред на стартот.

Но, во Мајами сметаат дека треба да бидат оптимисти и покрај последниов пораз од бедните Соникси. Нормално, тоа е факт кога во тимот ви се враќа некој како Вејд, но таквиот камбек секогаш е меч со две оштрици. Секогаш кога таков играч пак станува дел од ротацијата од која не бил некое време, тоа ги менува улогите на речиси сите играчи на теренот. Ако се знае дека и претходно во Мајами сите се мачеа да си го пронајдат индентитетот и своето место на паркетот, тогаш станува јасно дека барем на стартот, камбекот на Вејд може и да не биде баш позитивен. Посебно не кога тој не е 100%.

Тоа добива посебна димензија кога ќе се погледне скорот на Мајами од 1-7, но и распоредот кој им следува во следните месец дена. Иако многумина во Мајами изјавуваат како сега им почнала сезоната, тие немаат 0-1 туку 1-7, што никако не е исто, посебно не на доста засилениот Исток оваа сезона.

И сето тоа без да се спомне ужасната атмосфера во Мајами, бесниот и немоќен Рајли и никаквата игра. Добар пример е вчерашниот меч во кој Шек убаци само десет поени, но со шут од игра 4-4 и 2-2 за слободни. Со типови како Рики Дејвис (5-18 од игра) и Џејсон Вилијамс, не може да има доволно топки за Шек, кој иако не е оној истиот како пред две-три години, на периоди се уште може да биде доминантен. Тоа го покажа и против Феникс во петокот.
Вејд е тип кој исто така сака да го има баскетот во свои раце поголемиот дел од времето, така да тоа и не некое олеснување за Рајли. Но, барем нема Вилијамс и Дејвис толку да ја пимплаат.
Нормално, надежта е нешто што очајно им требаше на сите во Мајами, но не може да се направи толкав притисок врз Вејд и од него да се очекува сам да им ја спаси сезоната. И со Соникси сите во тимот како да чекаа Вејд да направи нешто и да ги спаси од пораз. Двејн успеа да ја иницира серијата во последната четвртина, но без вистински соиграчи тоа беше доволно само за колку-толку прифатлив пораз. (Иако вакви порази никогаш не треба да бидат прифатливи).

Најубаво си кажа Рајли после средбата каква му е ситуацијата во клубот:

“Unless you feel like you have something at stake or something to lose as a player, then things won’t change. If you don’t feel like the Heat mean something to you … you have to have a real meeting with yourself about what you care about. I don’t see a team that really feels like they have anything at stake here. They come in, they play, they get beat, they go home, they go out into the night.”

3 comments November 15th, 2007

Тончи има право…(до одреден степен)

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Секогаш е убаво да се чуе мислењето на некој екс-кошаркаш, посебно на некој со чии игри си пораснал како што е Тони Кукоч.

Така, Тончи пред некој ден си кажа што мисли за денешната НБА и зошто, иако живее во Чикаго, не сака баш да оди на натпреварите на Булси.

Тони смета дека:

“The NBA is a league of selfish people and it is no longer a part of my life. Last year, I watched just three games of the Chicago Bulls.”

“I hardly ever go to the United Center because there’s little to see. It irritates me to see the poorness of the game of today and the lack of intelligence on the court.”

“There are too many selfish players in basketball nowadays,” he said. “I could also have scored 30 points per game but, how many titles would I have won playing with that style?”

Е сеа, Тони не измисли баш топла вода со своите изјави. На сите, а посебно на мојата и генерациите постари од мене, кои имале можност да гледаат некои од имињата кои сега се сметаат за најголеми НБА легенди, ни е јасно дека НБА, најмногу поради парите кои се вртат, сега веќе на глобално ниво, не е истата и е сконцентрирана на индивидуалните квалитети.

Не дека кога играше Мајкл не беше така, но и тогаш само вистинските екипи остваруваа големи успеси и беа најмногу ценети. И денеска само вистинските олд-скул тимови освојуваат титули, но тие не се ни од далеку популарни како кога тоа го правеа Булси, Рокетси, Лејкерси на Меџик или пак Селтикси. Нормално дека сите тие имале голема ѕвезда околу која гравитирале, но тоа никако не било случај како што е денеска кога таа ѕвезда мора да изгори се околу себе, па макар тоа биле и соиграчите, за да стане што е можно попознат и пославен.

Тоа не значи дека денес нема вистински играчишта. Тоа никако. но, факт е дека некои работи се сменети и се поголем број на луѓе почнува да следи НБА дури кога ќе почне плеј-офот. Како и тоа дека веќе нема играчи од типот на Тончи.

20 comments November 13th, 2007

Фотка на неделата 39 - Маn Child x 2

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

На едниот не му тргна баш најдобро сезонава, додека другиот одма почна да ги јаде конкурентите во рекетот. И двајцата се најава за она во што би требале да еволуираат центрите. двајт е многу подобар скокач и блокер, Амари (барем уште некое време) подобро се снаоѓа во нападот. Страшното, покрај нивниот изглед (во позитивна конотација), е тоа што и двајцата дури сега почнуваат да чепкаат и да го откриваат она што еден ден можат да станат…Најстрашното сепак е тоа што Двајт следниот месец полни 22 години, а Амари во петок полни 25-ка.

8 comments November 12th, 2007

Que pasa, Чикаго?

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

На страна сите статистички ѕверски партии кои ги одиграа овој викенд моимци како Двајт, Барбоса, Кармело, Емека, Кеј-Џи, Андреј итд. и стартот на НБА на МТВ во петокот, една работа од синоќа најмногу ми привлекува внимание. Тоа е катастрофата на Булси на свој терен против Торонто за нивни старт на сезоната од бедни 1-5.

По победана над Детроит, средба која можеа да ја изгубат Рашид и РИП да беа пофокусирани во последната минута, сите во Чикаго почнаа да зборуваат како ете, им требала победа против голем ривал како Пистонси за да тргнат напред. Арно ама, Репторси ги потсетија дека не е баш така. со газењето од 107-71 сред “Јунајтед“.

И јас, како веројатно и сите други, сум изненаден од овој старт на Булси, ама за разлика од сите, кои оправданието го бараат во гласините за трејдот на Коби во Чикаго и начинот на кој тоа влијаело негативно врз атмосферата во тимот, јас причините ги гледам на друго место. Не дека целиот муабет со Коби нема свој удел.

Прво, тоа е нерешениот статус со продолжувањето на договорите на Денг и Гордон. Момците сакаа се да биде јасно и решено во октомври, ама управата на тимот играше на истата карта како со Хајнрих па не сакаше да понуди некоја реална сума, туку помала, како таа на плејот од нешто под 50 милиони за 5+1 години. Но, Денг и Гордон бараа повеќе. Нешто што и би требале кога сите во Чикаго и онака на нив гледаат како на темели на новиот силен тим. Но, скржавоста на управата нејќеше да шуе за побогати понудин упатувајќи им јасна порака со своите игри да покажат сезонава дека заслужуваат повеќе пари. Тоа сигурно дека не може да влијае добро, посебно не врз млади играчи, кои вообичаено во такви ситуации се чувствуваат предадено. Не дека Денг и Гордон нема да почнат да играат како лани, но им се собраа неколку работи кои ги исфрлија од колосек и им ги сменија плановите.

Втората причина е типот за кого јас од старт велев дека е утка, посебно за парите кои му беа дадени. Бен Волас не е ни половина од играчот за кој го сметаа кога го потпишаа пред година и кусур. Во тоа се уверија уште лани, а оваа сезона е само потврда на тоа. Викаат дека имал ситна повреда, но тоа е само дување во магла од страна на Булси кои нема да можат никогаш да се исперат за парите кои ги фрлија во бунар за Бен Волас. Тоа што тој и не е некое присуство во рекетот, посебно не во нападот, и што може во иднина да биде причина за заминување на некој од младите момци за кои Булси нема да имаат пари е само дополнителна сол на раната.

Најдобро целата ситуација пред неколку недели ја опиша Гордон кој кога го прашаа колку смета дека заслужува да му изнесува новиот договор, јасно си кажа дека заслужува да биде платен најмногу во тимот, посебно која најплатениот (Волас) зема огромна долари за својот беден (или пак никаков) ефект во нападот.

ПС: Третата причина, ова како веројатно, е тренерот Скајлс, чиви методи често знаат да им дојдат преку глава на играчите после две-три сезони.

12 comments November 11th, 2007

LB го брка MJ, Мавси го тргнаа “мајмунот“ од грб и НБА(М)ТВ!!!

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Не е никакво изненадување тоа што Леброн е прв на листата на маркетиншки најдобрите играчи. Кога се анализира целата листа од почетокот станува јасно дека зборуваме само за маркетиншкиот фактор, а тоа посебно станува евидентно кога ѓе ги видите момците кои се наоѓаат на местата бр. 9. и 10. Ји и Едуардо?!?!

Нормално, тоа не е толку несфатливо ако се знае од кои земји доаѓаат тие двајца и бројот на жители во тие земји. Ји и Јаоза се единствените претставници на најбројната нација на светот во НБА, додека единствен Мексиканец кој игра кај нивниот северен сосед е Нахера.

* * * * * *

Иначе, Далас конечно успеа да ги добие Вориорси синоќа, барем кога зборуваме за регуларен дел на сезоната. Не дека тоа значи нешто посебно во моментов, но секако дека им дава малце простор да дишат на Мавси. Можете да замислите што се ќе се пишуваше да изгубеа и забајлево.

* * * * * *

Вечер во 01:30 на МТВ1 - Мајами - Феникс. (Барем така најавија).

Вејд не игра сигурно, а можно е да го нема ни Амари кај Санси. Сепак, убаво ќе биде да се види како НБА се враќа на МТВ. Кога веќе збориме за тоа, не знам кој ќе коментира, али кој и да биде, ај да не го плукаме од старт, сигурно ќе му треба време да се ухода. Ако тоа не му успее после месец-два, плукањето е загарантирано. Како и да е, полошо од казната која ја имавме лани со И-Ти и аналитичарот не може да биде.

19 comments November 9th, 2007

Пеџа и Пол рушеа рекорди + НБА на МТВ

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

“21 асистенција!?!?!“ - Тоа беше првата реакција кога го видов бокс-скорот на Хорнетси и Лејкерси. Ме зачудија и 36 поени на Пеџа, но не толку колку неговите десет тројки и 10-13 за три. Цела лига, како и фановите на Лејкерси, се навикнати да го гледаат Коби како се изживува над противничките играчи патем поставувајќи нови рекорди. Не и овој пат.

Чичко Џек, Гарсија и останатите во публиката мораа да гледаат како Пол и Пеџа си играат со Лејкерси правејќи ама баш се што ќе посакаат на теренот. Јасно е, и тоа сите ние го знаеме, како и самите Хорнетси, дека нема шанси тие да останат на врвот на лигата до крајот на сезоната (сега имаат најдобри 4-0!), исто како што не треба да се очекува дека Пол, а посебно Пеџа, можат да продолжат со вакви партии сезонава. Од Пол за очекување е да биде во игра за најдобар асистент, а ако барем во мал дел ја одржат оваа форма до април не гледам причина Хорнетси да ги заменат Вориорси во плеј-офот. И таму во 1. коло да се сретнат со Далас.

ПС: Ќе заборавев една многу битна ствар. Според вчерашната информација која ја добив од МТВ, тие 99% би требале да стартуваат со НБА преноси од овој петок. Да се надеваме дека нема да бидат оние 1% да не зезнат како многу пати до сега. 

13 comments November 7th, 2007

“Војни на рекламите 2“ - Нешти и Нештињо

Не се само Вејд и Леброн со нови спотчиња…

14 comments November 5th, 2007

Next Posts Previous Posts


Календар

November 2007
M T W T F S S
« Oct   Dec »
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
2627282930  

Архива

Категории