Archive for November 26th, 2007

Фотка на неделата 41 - Ѕверотије!

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

31.3 8.3 8.1 просек после 14 утакмици. Од тоа, четири трипл-дабл средби и уште неколку на граница. Ако вака продолжи да игра, а Кавси продолжат да победуваат и стигнат сезонава до некои 50. победи, мислам дека трката за МВП ќе заврши многу порано од очекуваното.

Лани Леброн изјавуваше дека нема многу да се троши во текот на сезоната, со цел да биде посвеж за плеј-офот. Годинава по се изгледа ништо од ист таков план, што веројатно е нужна последица со оглед на тоа дека освен од Дру Гуден и колку-толку Илгаускас, не може да смета на никаква констатна помош на соиграчите. Посебно од бековската линија која е бедна.

Ама, Леброн е Ѕверотије. Ѕвер е малце.

12 comments November 26th, 2007

Лепраконот се врати во Бостон

Покрај одличните играчи, за успехот на секој тим битен е и т.н. фактор на среќа, нешто што јас секогаш сум го отфрлал како клучен елемент.

Во случајот на Бостон во Шарлот, Селтикси имаа среќа да го пресечат уфрлањето од аут на Бобкетси, но немаше никаква среќа во ладнокрвната тројка на Џизус. Лепраконот пак е на страната на Селтикси.

Најомилен дел од целиот клип ми е реакцијата на Рејмонд Фелтон кога тројката на Ален влегува во кошот со звукот на сирената. Прајслес.

3 comments November 26th, 2007


Календар

November 2007
M T W T F S S
« Oct   Dec »
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
2627282930  

Архива

Категории