Archive for November 22nd, 2007

Дупла Нула

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Вчера веројатно беше Ден на жалоста во Вашингтон кога дознаа дека во следните три месеци Визардси ќе мораат да се снаоѓаат без својот…СЕ. Операцијата која во април му беше направена на левото колено на Аринас не ја завршило работата, па после трите месеци мачна рехабилитација, трчање со падобрани на грбот, возење точак (т.н велосипед) околу Вашингтон и шутираше преку 1000 шутеви дневно, Жилберто пак ќе треба да поминува низ истото. Само што сега ќе мора да почека некои месец дена дури пак почне со рехабилитацијата.

Како и за се останато, Жилберто стигна да се исповеда на својот блог. Колкава е ова загуба за Вузардси нема потреба ни да се спомнува, а трите победи кои ги имаат во низа без него не ја даваат вистинската слика за она што ги очекува во следните три месеци. Чисто се сомневам дека после три месеци или повеќе, Визардси ќе бидат во игра за плеј-оф место на Истокот кога Аринас ќе им се врати на некои 20 средби до крајот. Просеците на Батлер, Џејмисон, Блеч, па и Дениелс и Јанг би требале да рипнат, ама тоа нема да им биде доволно.

Сепак, најголемата загуба од сево ова може да ја има самиот Жилберто, кој се спремаше следното лето да си ја испроба вредноста на пазарот. Сега, тешко дека некој ќе се најде да му понуди максимум, не затоа што не го бива, туку затоа што ретко кој нема да биде исплашен од тоа да му даде тешки милиони на играч кој се враќа на теренот по две операции на истото колено. Само прашајте го Орландо за Грент Хил.

Иначе1: Mе нема толку често како некад деновиве од чиста причина што веќе некое време немам нет дома. Така да, сево ова што постирам е од работа. (Не кажујте на никого).

Иначе2: Би сакал во делот горе кој вика “ЕСпорт“ да ги ставам сите (или скоро сите) текстови кои до сега ги имам напишано за ЕСпорт. Финтата е што сакам да ги закачам како ПДФ фајлови. Знае некој како?

Иначе3: Вечер не се игра ништо. Се јаде мисирка.

Иначе4: Многу лошо е кога еден исти тип е и ген. менаџер/претседател и тренер на тимот. Тоа многу добро на дело  сзонава го покажуваат во Мајами и Њујорк. До кога ќе има место на клупите на Хит, т.н. Никси за Залижаниот и за Насмеаниот?

33 comments November 22nd, 2007


Календар

November 2007
M T W T F S S
« Oct   Dec »
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
2627282930  

Архива

Категории