Фотка на неделата 40 - Можело да биде и убаво во Лејкерленд

После она што се деси синоќа во “Стејплс“, (или поточно - што им се деси на Булси), се наметнува прашањето дали Коби сега го сменил својот став за желбата да биде трампан во Чикаго? После она што го виде синоќа и од играчите на Булси, ама и од своите соиграчи, посебно од тие од клупата, дали уште мисли дека поубаво ќе му беше во црвениот дрес?
Лејкерси, како и лани, почнаа добро, а она што е најпозитивно кај нив до сега е тимската игра и придонесот на сите играчи, а не само на Коби и надежта дека некој друг ќе има своја вечер. До сега, сите играат, и тоа играат добро. Баш како што би требале ако сакаат конечно да ја минат 1. плеј-оф рунда по ерата на Шек.
Сепак, најмногу ми се свиѓа зрелиот пристап на Коби, кој како конечно да порасна, сфаќајки дека не мора секоја вечер да биде ѕвер на теренот со по партии од по 30-40-50-60 поени. Ако малку се стрпи и жртвува во нападот, тоа може да му се врати повеќекратно. Барем до сега сезонава и му се враќа. Ако продолжи тој, а и Лејкерси вака, приказнава за Булси веројатно ќе биде многу бргу заборавена.
ПС: Иако Бајнам игра доста добро сезонава, уште не можам да ја сфатам глупоста на Купчак и Бас со недоведувањето на Кид лани кога имаа можност за тоа. Точно е дека Џејсон е во години, а Ендрју млад, ама како лани играше, па и како игра сезонава Кид, мислам дека би бил страшно засилување за овој тим на Ел-Еј. Замислете си бековски тандем Кид-Коби.
21 comments November 19th, 2007