Archive for November 11th, 2007

Que pasa, Чикаго?

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

На страна сите статистички ѕверски партии кои ги одиграа овој викенд моимци како Двајт, Барбоса, Кармело, Емека, Кеј-Џи, Андреј итд. и стартот на НБА на МТВ во петокот, една работа од синоќа најмногу ми привлекува внимание. Тоа е катастрофата на Булси на свој терен против Торонто за нивни старт на сезоната од бедни 1-5.

По победана над Детроит, средба која можеа да ја изгубат Рашид и РИП да беа пофокусирани во последната минута, сите во Чикаго почнаа да зборуваат како ете, им требала победа против голем ривал како Пистонси за да тргнат напред. Арно ама, Репторси ги потсетија дека не е баш така. со газењето од 107-71 сред “Јунајтед“.

И јас, како веројатно и сите други, сум изненаден од овој старт на Булси, ама за разлика од сите, кои оправданието го бараат во гласините за трејдот на Коби во Чикаго и начинот на кој тоа влијаело негативно врз атмосферата во тимот, јас причините ги гледам на друго место. Не дека целиот муабет со Коби нема свој удел.

Прво, тоа е нерешениот статус со продолжувањето на договорите на Денг и Гордон. Момците сакаа се да биде јасно и решено во октомври, ама управата на тимот играше на истата карта како со Хајнрих па не сакаше да понуди некоја реална сума, туку помала, како таа на плејот од нешто под 50 милиони за 5+1 години. Но, Денг и Гордон бараа повеќе. Нешто што и би требале кога сите во Чикаго и онака на нив гледаат како на темели на новиот силен тим. Но, скржавоста на управата нејќеше да шуе за побогати понудин упатувајќи им јасна порака со своите игри да покажат сезонава дека заслужуваат повеќе пари. Тоа сигурно дека не може да влијае добро, посебно не врз млади играчи, кои вообичаено во такви ситуации се чувствуваат предадено. Не дека Денг и Гордон нема да почнат да играат како лани, но им се собраа неколку работи кои ги исфрлија од колосек и им ги сменија плановите.

Втората причина е типот за кого јас од старт велев дека е утка, посебно за парите кои му беа дадени. Бен Волас не е ни половина од играчот за кој го сметаа кога го потпишаа пред година и кусур. Во тоа се уверија уште лани, а оваа сезона е само потврда на тоа. Викаат дека имал ситна повреда, но тоа е само дување во магла од страна на Булси кои нема да можат никогаш да се исперат за парите кои ги фрлија во бунар за Бен Волас. Тоа што тој и не е некое присуство во рекетот, посебно не во нападот, и што може во иднина да биде причина за заминување на некој од младите момци за кои Булси нема да имаат пари е само дополнителна сол на раната.

Најдобро целата ситуација пред неколку недели ја опиша Гордон кој кога го прашаа колку смета дека заслужува да му изнесува новиот договор, јасно си кажа дека заслужува да биде платен најмногу во тимот, посебно која најплатениот (Волас) зема огромна долари за својот беден (или пак никаков) ефект во нападот.

ПС: Третата причина, ова како веројатно, е тренерот Скајлс, чиви методи често знаат да им дојдат преку глава на играчите после две-три сезони.

12 comments November 11th, 2007


Календар

November 2007
M T W T F S S
« Oct   Dec »
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
2627282930  

Архива

Категории