Фото на неделата 38 - Пак се носи зелено
“Една ластовица не носи пролет“, викаше дедо ми, но она што во петокот се дешаваше во Бостон секако дека им дава надеж на сите фанови на Селтикси дека нивната пролет конечно ќе дојде. Визардси, барем според мене, се бедна екипа која сезонава не би требала да игра плеј-оф од Истокот, но Кеј-Џи за прв пат по 1986 година ги натера сите во Бостон да веруваат дека навистина можат да ја освојат титулата.
Нормално, муабетот за такво нешто е далечен како и вистинската пролет, но Гарнет, барем за една вечер беше ѕверот кој сите го посакуваа во зелениот дрес. Кога е тој во прашање, нема сомнеж дена ѕверот ќе го гледаме често сезонава.
14 comments November 4th, 2007
