Archive for November 2nd, 2007

Почнаа “Војните на рекламите 07-08“

Војната на рекламите ја отворија Вејд и Леброн со спотовите за своите задњи модели на патики. Денеска ги ѕирнав и тие на Адидас за нивната ол-стар петорка и на Најк со Нешти, ама не можам да најдам линкови. Ќе ги оставам за следниот петок.

Она што е интересно за новите реклами е многу посериозниот и покул пристап, нешто сосема различно од она што можевме да го гледаме последниве неколку години.

Прв е спотот на Вејд, кој барем додека не игра, може да си ја гледа рекламата на ТВ додека се рехабилитира од операциите на колено и рамо. Леброн пак, сака да покаже една своја друга страна која и немавме многу прилика да ја видиме до сега. Еве ги и двете…

* * * * * *

ПС: Ти-Мек синоќа им заби 47. на Јута сред Солт Лејк Сити. Не е лошо за мини-одмазда за елиминацијата во 1. коло. Само, истава игра Трејси ќе мора да ја пружи во април и мај следната година доколку планира барем еднаш во кариерата да ја помине првата рунда…Свака част на Богомолката Тејшон за партијата во Мајами, а и Дурент не беше лош.

30 comments November 2nd, 2007

07-08 Привју: ДАЛАС - Ту би ор нот ту би

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА - ДИВИЗИЈА SOUTHWESТ
ДАЛАС МАВЕРИКС

Сопственик: Марк Кјубан
Претседател: Тердема Јусери
Генерален менаџер: Дони Нелсон
Арена: “Американ Ерлајнс Центар”, отворена на 27.07.2001 год.
Капацитет: 19 200 гледачи
Вредност на клубот: 403 мил. долари (5. во лига)

Историја:
Сезони: 27
Плеј-оф пласмани: 12
Пласмани во финалето: 1
Титули: /
Најдобра сезона: 2006-07 со скор 67-15

СЕЗОНА 2006-07:
67 победи и 15 порази
Плеј-оф: Елиминирани во 1. коло од Голден Стејт
Постигнати поени: 100.0 (9.)
Примени поени: 92.8 (4.)
Шут од игра: 46.7 (5.)

Стрелец: Д.Новицки 24.6
Скокач: Д.Новицки 8.9
Асистент: Џ.Тери 5.2

Дојдоа: Еди Џонс (Мајами), Брендон Бас (Њу Орлеанс), Ник Фазикас (драфт), Џуан Хауард (слободен - Минесота)
Заминаа: Остин Крошир (Г.Стејт), Попс Менса-Бонсу и Ди-Џеј Илунга-Мбенга (слободни)

Прва петорка: (замени)
Девин Херис (Х.Бареа)
Џејсон Тери (Е.Џонс)
Џош Хауард (Џ.Стекхаус)
Дирк Новицки (Б.Бас)
Ерик Дампие (Д.Диоп)
Тренер: Ејвори Џонсон

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Анализа:
Во Далас секако дека ќе сакаат во новата сезона да се покажат во вистинско светло по срамната елиминација од страна на Вориорси во првото плеј-оф коло откако претходно остварија највисоки во клупската историја 67 победи. Тие ја имаа таа чест да станат само третиот прворангиран тим кој бил исфрлен од осморангиран во историјата на НБА плеј-офот.

И покрај големото разочарување фановите на Мавси имаат доста причини да бидат возбудени пред новата сезона. Лани седмипат по ред тие стигнаа до најмалку 50 победи, а актуелниот МВП Дирк Новицки продолжува со својот постојан напредок како играч. Летото беше невообичаено тивко за нивниот “газда” Марк Кјубан, кој единствено го донесе ветеранот Еди Џонс за помош на “двојка” и младиот Брендон Бас за помош под кошот.

Промена за новата сезона е преселбата на Девин Херис од клупата на позицијата на стартен плеј, предизвикана од вербата на тренерот Ејвори Џонсон во младиот плеј. Тоа значи прекоманда на Тери на “двојка” на која тој би можел да биде поопасен од лани. Остатокот од тимот е несменет и тоа е причина за големите очекувања на сите фанови на Далас кои по една година пауза пак очекуваат НБА финале.

Во плеј-оф ќе играат ако…
Разигрувањето само во случај на сериозна повреда на Новицки може да остане недостижно за Мавси, кои во новата сезона пак влегуваат со тим способен да им парира на најдобрите во лигата и да им ги замрси сметките на Спарси. Доколку Дирк се промовира во лидерот кој му е потребен на Далас, тие се тим кој заедно со Сан Антонио и Феникс е најголем кандидат за “Лери О’Браен” трофејот.

Што велат скаутите…
“Повторно ќе победат на голем број средби, но мислам дека полека тимовите сфаќаат како треба да се игра против нив”…”Ова ќе биде пресудна година за нив. С$ ќе биде ОК доколку успеат да стигнат до финалето, но доколку тоа не се случи, веројатно ќе почнат со растурање на тимот”…”Хауард е млад играч кој станува с$ подобар. Тој е многу активен на теренот со високо ниво на енергија секоја вечер. Во нивниот напад тие ја шират играта, што со оглед на неговото постојано движење го прави тежок за чување”…”Присуството на искусниот Еди Џонс ќе им помогне, како во нападот, така и во одбраната”…”И оваа сезона можат да бидат тим до најмногу победи”.

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Ѕвезда
Актуелниот МВП имаше одлична сезона со 24.6 поени, 8.9 скокови и 3.4 асистенции во просек, но сето тоа падна во вода во плеј-офот во кој Новицки, а и Мавси не личеа на себе. Германецот падна пред тактиката на Дон Нелсон и во серијата со Вориорси беше задржан на 19.7 поени по средба и слаба реализација од игра од само 38%.

Неговото огромно разочарување по елиминацијата од Вориорси би требало да се покаже како екстра мотиватор, а со него како лидер Мавси имаат големи шанси да се вратат на врвот на Западот.
Сепак, останува отворено прашањето за лидерските способности на Дирк, нешто што тој треба да го докаже оваа сезона.

1 comment November 2nd, 2007


Календар

November 2007
M T W T F S S
« Oct   Dec »
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
2627282930  

Архива

Категории