Archive for November, 2007
Постов како тестинг, вчера пак го поминав Бендвито, ама тенкс ту Малина, изреагираа бргу, па МакНБА не мора да чека до први.
Плус, веќе некое време чекав да го клавам клипов. Класика, која поголемиот дел од вас можеби не ја ни видел. Станува збор за натпреварот во забивање (т.н. - куцање) од хуманитарниот меч на Меџик од 1986, Мидсамер Најт Меџик, настан кој на времето беше еднаков по квалитет на Ол-Старот.
За момците кои се главните улоги во клипот нема потреба многу најава.
November 29th, 2007
Marko Jaric has been playing some inspired basketball lately and Minnesota teammate Antoine Walker thinks he knows why.
Walker joked that Jaric is “overachieving,” a reference to the fact Jaric is dating Brazilian supermodel Adriana Lima. Jaric scored 21 points and the Timberwolves protected a big lead for a change to get their second victory of the season, 103-94 over the New Orleans Hornets on Monday night. Having scored over 20 points in two straight games, Jaric smiled when told teammates had insinuated that his relationship with Lima had been a source of inspiration.
“Maybe that’s the thing, I don’t know,” Jaric said. “They can joke for now. We won, so that’s fine.”
Според овој линк, син му на Сречко поминал добар дел од најдобрите женски желни за познат дечко.
Свака част, свака част, Марко. Кога веќе не те бива како играч, барем искористи го играњето во НБА и милионите во банка да легнеш што повеќе познати калаштури. Иако Адријана пред некое време изјави дека уствари е Вирџин и ќе чека на правиот момак / маж кој ќе ја однесе на Љунфер Брдо. Мај Ес.
Да биде уште поинтересен постов, еве што сега се мота низ рацете на Марко.
November 27th, 2007
31.3 8.3 8.1 просек после 14 утакмици. Од тоа, четири трипл-дабл средби и уште неколку на граница. Ако вака продолжи да игра, а Кавси продолжат да победуваат и стигнат сезонава до некои 50. победи, мислам дека трката за МВП ќе заврши многу порано од очекуваното.
Лани Леброн изјавуваше дека нема многу да се троши во текот на сезоната, со цел да биде посвеж за плеј-офот. Годинава по се изгледа ништо од ист таков план, што веројатно е нужна последица со оглед на тоа дека освен од Дру Гуден и колку-толку Илгаускас, не може да смета на никаква констатна помош на соиграчите. Посебно од бековската линија која е бедна.
Ама, Леброн е Ѕверотије. Ѕвер е малце.
November 26th, 2007
Покрај одличните играчи, за успехот на секој тим битен е и т.н. фактор на среќа, нешто што јас секогаш сум го отфрлал како клучен елемент.
Во случајот на Бостон во Шарлот, Селтикси имаа среќа да го пресечат уфрлањето од аут на Бобкетси, но немаше никаква среќа во ладнокрвната тројка на Џизус. Лепраконот пак е на страната на Селтикси.
Најомилен дел од целиот клип ми е реакцијата на Рејмонд Фелтон кога тројката на Ален влегува во кошот со звукот на сирената. Прајслес.
November 26th, 2007
Вчера веројатно беше Ден на жалоста во Вашингтон кога дознаа дека во следните три месеци Визардси ќе мораат да се снаоѓаат без својот…СЕ. Операцијата која во април му беше направена на левото колено на Аринас не ја завршило работата, па после трите месеци мачна рехабилитација, трчање со падобрани на грбот, возење точак (т.н велосипед) околу Вашингтон и шутираше преку 1000 шутеви дневно, Жилберто пак ќе треба да поминува низ истото. Само што сега ќе мора да почека некои месец дена дури пак почне со рехабилитацијата.
Како и за се останато, Жилберто стигна да се исповеда на својот блог. Колкава е ова загуба за Вузардси нема потреба ни да се спомнува, а трите победи кои ги имаат во низа без него не ја даваат вистинската слика за она што ги очекува во следните три месеци. Чисто се сомневам дека после три месеци или повеќе, Визардси ќе бидат во игра за плеј-оф место на Истокот кога Аринас ќе им се врати на некои 20 средби до крајот. Просеците на Батлер, Џејмисон, Блеч, па и Дениелс и Јанг би требале да рипнат, ама тоа нема да им биде доволно.
Сепак, најголемата загуба од сево ова може да ја има самиот Жилберто, кој се спремаше следното лето да си ја испроба вредноста на пазарот. Сега, тешко дека некој ќе се најде да му понуди максимум, не затоа што не го бива, туку затоа што ретко кој нема да биде исплашен од тоа да му даде тешки милиони на играч кој се враќа на теренот по две операции на истото колено. Само прашајте го Орландо за Грент Хил.
Иначе1: Mе нема толку често како некад деновиве од чиста причина што веќе некое време немам нет дома. Така да, сево ова што постирам е од работа. (Не кажујте на никого).
Иначе2: Би сакал во делот горе кој вика “ЕСпорт“ да ги ставам сите (или скоро сите) текстови кои до сега ги имам напишано за ЕСпорт. Финтата е што сакам да ги закачам како ПДФ фајлови. Знае некој како?
Иначе3: Вечер не се игра ништо. Се јаде мисирка.
Иначе4: Многу лошо е кога еден исти тип е и ген. менаџер/претседател и тренер на тимот. Тоа многу добро на дело сзонава го покажуваат во Мајами и Њујорк. До кога ќе има место на клупите на Хит, т.н. Никси за Залижаниот и за Насмеаниот?
November 22nd, 2007
После она што се деси синоќа во “Стејплс“, (или поточно - што им се деси на Булси), се наметнува прашањето дали Коби сега го сменил својот став за желбата да биде трампан во Чикаго? После она што го виде синоќа и од играчите на Булси, ама и од своите соиграчи, посебно од тие од клупата, дали уште мисли дека поубаво ќе му беше во црвениот дрес?
Лејкерси, како и лани, почнаа добро, а она што е најпозитивно кај нив до сега е тимската игра и придонесот на сите играчи, а не само на Коби и надежта дека некој друг ќе има своја вечер. До сега, сите играат, и тоа играат добро. Баш како што би требале ако сакаат конечно да ја минат 1. плеј-оф рунда по ерата на Шек.
Сепак, најмногу ми се свиѓа зрелиот пристап на Коби, кој како конечно да порасна, сфаќајки дека не мора секоја вечер да биде ѕвер на теренот со по партии од по 30-40-50-60 поени. Ако малку се стрпи и жртвува во нападот, тоа може да му се врати повеќекратно. Барем до сега сезонава и му се враќа. Ако продолжи тој, а и Лејкерси вака, приказнава за Булси веројатно ќе биде многу бргу заборавена.
ПС: Иако Бајнам игра доста добро сезонава, уште не можам да ја сфатам глупоста на Купчак и Бас со недоведувањето на Кид лани кога имаа можност за тоа. Точно е дека Џејсон е во години, а Ендрју млад, ама како лани играше, па и како игра сезонава Кид, мислам дека би бил страшно засилување за овој тим на Ел-Еј. Замислете си бековски тандем Кид-Коби.
November 19th, 2007
Детроит бил сериозно загреан за Коби, иако според изјавите на двете страни преговорите не мрднале од нула. Пистонси и Лејкерси си се договориле за трејд во кој требале ги сменат местата Коби и РИП, Принс, Амир Џонсон плус иден пик од првата рунда. И се било весело додека Коби не ја искористил клаузулата со која може да го блокира секој свој трејд.
Не ме чуди што не сакал да оди во Детроит каде веќе некое време ич не го сакаат. Не дека во другите градови го сакаат, но во Детроит си има посебен третман.
November 16th, 2007
Previous Posts