Archive for October 28th, 2007
ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА - ДИВИЗИЈА SOUTHEAST
ОРЛАНДО МЕЏИК
Сопственик: “РДВ Спортс”
Претседател: Боб Вандер Веиде
Генерален менаџер: Отис Смит
Арена: “ТД Вотерхаус Центар”, отворена на 29.01.1989 год.
Капацитет: 17 248 гледачи
Вредност на клубот: 247 мил. долари (25. во лига)
Историја:
Сезони: 19
Плеј-оф пласмани: 9
Пласмани во финалето: 1
Титули: /
Најдобра сезона: 1995-96 со скор 60-22
СЕЗОНА 2006-07:
40 победи и 42 порази
Плеј-оф: Елиминирани во 1. рунда од Детроит
Постигнати поени: 94.8 (27.)
Примени поени: 93.9 (7.)
Шут од игра: 47.2% (4.)
Стрелец: Д.Хауард 17.6
Скокач: Д.Хауард 12.3
Асистент: Џ.Нелсон 4.3
Дојдоа: Адонал Фојл (Г.Стејт), Рашард Луис (Орландо), Марчин Гортат (драфт)
Заминаа: Дарко Миличиќ (Орландо), Грент Хил (Феникс), Тревис Динер (Индијана)
Прва петорка: (замени)
Џамир Нелсон (К.Аројо)
Џеј-Џеј Редик (К.Боганс)
Хидо Туркоглу (Т. Ариза)
Рашард Луис (П.Герити)
Двајт Хауард (А.Фојл)
Тренер: Стен Ван Ганди

Анализа:
Приказната на летото во Орландо беше аквизицијата на Рашард Луис преку потпис-трејд до Сиетл на 11 јули, по што само еден ден подоцна следеше потпишувањето на продолжувањето на договорот на првата ѕвезда на тимот Двајт Хауард. Така, во само два дена Орландо си ја обезбеди иднината со две млади ѕвезди кои ќе бидат носители на играта во следните години. Покрај тоа, тие на местото на главен тренер го донесоа Стен Ван Ганди, откако не успеа кусата авантура со Били Донован.
За Луис ова ќе биде десета НБА сезона откако во лигата влезе директно од средно школо и тој веднаш би требал да има голем удел во играта на својот нов тим, зголемувајќи ги шансите за повисок пласман на Орландо оваа сезона, а од неговото доаѓање голема корист би требал да има Хауард. Луис минатата сезона имаше најдобри во кариерата 22.4 поени во просек и секако дека со својот добар шут однадвор ќе го отвори рекетот за својот ол-стар соиграч.
Од оние кои заминаа секако за тимот се најважни Грент Хил и Дарко Миличиќ, првиот лани беше ветеран кој влијаеше позитивно на младиот тим, но и врзуваше голем дел од селари-капот, додека вториот одлучи да си ја побара среќата во Мемфис, незадоволен од третманот на управата на “магичните”.
Минатата сезона Орландо успеа да се пласира во плеј-офот како последен патник од Истокот, по што следуваше елиминацијата од Детроит. Ангажманот на Луис сам по себе им дава надеж дека и оваа година ќе бидат до крај во игра за место во разигрувањето.
Во плеј-оф ќе играат ако…
Доколку Рашард Луис го има ефектот и продолжи таму каде што застана во Сиетл, Орландо ќе биде многу опасен. Тоа во комбинација со постојаниот напредок на Хауард им дава надеж на сите фанови на тимот од Флорида дека не само ќе бидат дел од плеј-офот како лани, туку дека и ќе успеат да направат нешто повеќе. Сепак, немањето на вистински партнер под кошот за Хауард, како и вистинско искуство може да се покаже како кобно, барем оваа година.
Што велат скаутите…
“Двајт Хауард е ‘ѕвер’ и секоја сезона е с$ подобар и подобар”…”Морате да го чувате од самиот старт и што подалеку од кошот, терајќи го со лицето кон кошот. Доколку му дозволите да ви игра со грб свртен кон кошот, тој ќе ве уништи. Шутот од дистанца и не му е некоја силна страна”…”Минатата сезона имаше по неколку средби во серија во кои соиграчите не успеваа да му ја спуштат топката. Тоа нема да биде случај со новиот тренер Стен Ван Ганди, кој ќе инсистира на игра преку Хауард”…”Ариза е одличен млад атлет, Рашард е фантастичен играч, а Туркоглу е добар стрелец”…”Џамир е непостојан и е заљубен во постигнувањето поени”…”Имаат многу добар тим со микс на добри играчи на секоја позиција”…”Единствена слаба точка им е ‘четворката’ на која веројатно ќе игра Рашард Луис”.

Ѕвезда
Двајт Хауард влегува во својата четврта сезона и сите се сложни дека тој е неверојатен потенцијал и физички неверојатно граден млад играч со светла иднина. Сепак, она за што му се забележува е с$ уште недоизградената игра во нападот, нешто во што би требал годинава да му помогне Луис, барем кога станува збор за отварање на просторот. Ланската сезона ја заврши со просеци од 17.6 поени и 12.3 скокови и сосема заслужено беше дел од ол-стар тимот на Истокот. На истиот викенд кој се одржа во Лас Вегас тој беше една од главните атракции со своето учество во натпреварот во забивање.
Хауард е речиси незапирлив кога е свртен со грбот кон кошот, додека мала слабост му е шутот од дистанца, нешто на што често се убедуваат да го натераат противничките одбрани.
October 28th, 2007
ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА - ДИВИЗИЈА SOUTHEAST
ШАРЛОТ БОБКЕТС
Сопственик: Роберт Џонсон
Претседател: Фред Витфилд
Генерален менаџер: Берни Бикерстаф
Арена: “Шарлот Бобкетс Арена”, отворена во октомври 2005 год.
Капацитет: 19 026 гледачи
Вредност на клубот: 300 мил. долари (17. во лига)
Историја:
Сезони: 3
Плеј-оф пласмани: /
Пласмани во финалето: /
Титули: /
Најдобра сезона: 2006-07 со скор 33-49
СЕЗОНА 2006-07:
33 победи и 49 порази
Плеј-оф: Не беа дел од плеј-офот
Постигнати поени: 94.6 (28.)
Примени поени: 95.5 (8.)
Шут од игра: 44.6% (25.)
Стрелец: Џ.Волас 18.1
Скокач: Е.Окафор 11.3
Асистент: Р.Фелтон 7.0
Дојдоа: Џејсон Ричардсон (Г.Стејт), Џаред Дадли и Џермарео Дејвидсон (драфт)
Заминаа: Бревин Најт (Клиперс), Џејк Воскул (Милвоки), Дерек Андерсон и Алан Андерсон (слободни)
Прва петорка: (замени)
Рејмонд Фелтон (М.Керол)
Џејсон Ричардсон (А.Морисон)
Џералд Волас (В.Херман)
Емека Окафор (Р.Холинс)
Примож Брезец (Џ.Дадли)
Тренер: Сем Винсент

Анализа:
Бобкетси направија голем потег на драфтот кога за својот осми пик Брендан Рајт го добија бекот на Голден Стејт, Џејсон Ричардсон кој со својот просек во кариерата од 18.3 поени е големо засилување за нивниот напад. Втор голем потег беше задржувањето на универзалецот Џералд Волас, како и солидниот Мет Керол кој им дава опасен шутер кога одбраните ќе се сконцентрираат на првите опции во нападот во кои покрај Ричардсон и Волас спаѓа Емека Окафор од кого се очекува конечно една сезона без повреди. Нешто што секако дека ќе биде клучно во скокот и одбраната на рекетот. Нов е и тренерот на тимот, Сем Винсент кој дојде на препорака на Мајкл Џордан, наследувајќи го Берни Бикерстаф кој само формално остана генерален менаџер, во сенка на Џордан кој ги влече сите потези. За да не биде сe розово се погрижи Шон Меј кој во текот на сезоната сериозно се повреди и ќе отсуствува година дена. (По него се повреди и бркот Морисон, кој исто така ја пропушта сезонава).
Но, тоа никако не ја менува ситуацијата која значително е поправена во Шарлот кој покрај гореспоменатите играчи ги има и Морисон, Фелтон, Брезец и Херман кои секако се опасни за противникот. Мал проблем е што по повредата на Меј се тенки во рекетот.
Мал проблем е слабиот шут на плејот Фелтон, кој работеше на тоа ова лето и кој ќе профитира од трејдот за Ричардсон кој сака да игра брза кошарка, исто како и самиот Фелтон.
Во плеј-оф ќе играат ако…
Слично како и со Хоукси, разигрувањето е далечна желба за сите фанови на Бобкетси, но доколку коцките се посложат и сe биде во ред, тие би можеле да изненадат многумина. Клучно е здравјето на Окафор кој во минатото се мачеше со повредите, како и играта на Ричардсон за прв пат во друг дрес од тој на Вориорси.
Нормално, голем фактор е и руки тренерот Винсент кој има играчко шампионско искуство како член на тимовите на Бостон од 80-те, но предизвикува сомнеж поради самиот факт што беше директно одбран од Џордан, кој и не е многу почитуван по драфтувањето на Квами Браун со првиот пик кога беше генерален менаџер на Визардси.

Што велат скаутите…
“Шарлот ги повлече вистинските потези и се движи во вистинска насока. Ми се допаѓа трејдот за Ричардсон, кој до сега играше добро, посебно во плеј-офот”…”Една од работите кои ќе ги прогонуваат некое време ќе биде фактот дека Морисон не е играчот кој тие мислеа дека е кога го драфтуваа лани. Проблем за него сезонава може да биде минутажата покрај Ричардсон, Херман и Керол” …”Окафор е многу добар дефанзивец, но не толку добар и во нападот. Успехот во НБА во најголемиот број на случаи се базира на тоа колку сте способни да поентирате во рекетот, а Окафор и Брезец не се таков тип на играчи”.
Ѕвезда
Епитетот на ѕвезда на тимот Емека Окафор ќе мора да го оправда оваа сезона, затоа што за него сериозно конкурираат засилувањето Ричардсон и Волас. Младиот центар до сега во кариерата ниту еднаш не ги одигра сите 82 средби од една сезона и неговото здравје останува енигма. Кога е ослободен од проблемите со повреди Окафор е еден од подобрите дефанзивци во лигата и вистинско присуство во рекетот кое многу тимови го посакуваат. Доколку направи мал напредок во играта во нападот, тој би се промовирал во еден од најдобрите високи играчи во НБА.
October 28th, 2007
(Најавата е пишувана пред трејдот на Рики Дејвис и Марк Блонт во Мајами што значеше конечно откачување на Хит од неу потребливиот Ентоан Вокер. По овој дил Мајами станува подобар тим со две алтернативи за својот тим кои многу им недостасуваа. Нормално, пак се зависи од Вејд и Шек, но Марк, и посебно Рики, секако дека ќе им бидат од корист).
ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА - ДИВИЗИЈА SOUTHEAST
МАЈАМИ ХИТ
Мнозински сопственици: Семејството Арисон
Претседател: Пет Рајли
Генерален менаџер: Пет Рајли
Арена: “Американ Ерлајнс Арена”, отворена на 02.01.2000 год.
Капацитет: 19 600 гледачи
Вредност на клубот: 362 мил. долари (8. во лига)
Историја:
Сезони: 19
Плеј-оф пласмани: 12
Пласмани во финалето: 1
Титули: 1 (2006 год.)
Најдобра сезона: 1996-97 со скор 61-21
СЕЗОНА 2006-07:
44 победи и 38 порази
Плеј-оф: Поразени со 4-0 од Чикаго во 1. рунда
Постигнати поени: 94.6 (28.)
Примени поени: 95.5 (8.)
Шут од игра: 46.4% (10.)
Стрелец: Д.Вејд 27.4
Скокач: Ј. Хаслем 8.3
Асистент: Д.Вејд 7.5
Дојдоа: Смуш Паркер (Лејкерс), Енферни Хардевеј (пензија), Александер Џонсон (Мемфис), Деквон Кук (драфт), Џоел Ентони и Маркус Слотер (недрафтувани)
Заминаа: Еди Џонс (Далас), Џејмс Поузи (Бостон), Џејсон Капоно (Торонто), Ерл Барон и Гери Пејтон (слободни)
Прва петорка: (замени)
Џејсон Вилијамс (С.Паркер)
Двејн Вејд (Е. Хардевеј)
Ентоан Вокер (Д.Рајт)
Јудонис Хаслем (В.Симиен)
Шекил О’Нил (А.Морнинг)
Тренер: Пет Рајли

Анализа:
Титулата од пред само година дена минатата сезона делуваше како дамнешно минато за Мајами поради проблемите со коленото и рамото на Двејн Вејд и тие со коленото на Шекил О’Нил.
Шампионот делуваше старо и немоќно речиси цела сезона за на крајот да биде срамно исфрелен уште во првата рунда од плеј-офот со чисти 0-4 од страна на младите Булси. Сега, тимот на Пет Рајли се наоѓа во ситуација во која иднината крајно е неизвесна и покрај тоа што во тимот имаат еден Вејд и Шек, кој и покрај годините, с$ уште може да биде од корист. Причина за тоа е остатокот од тимот кој во најмала рака е со сомнителен квалитет, проблем кој Рајли не успеа да го реши ова лето во кое успеа дури и да загуби некои од своите битни играчи како Капоно и Поузи. Покрај тоа Мајами не успеа да донесе ни еден од играчите кои ги посакуваа, па така нови имиња се само непостојаниот Смуш Паркер и пензионираниот Пени Хардевеј, кој ќе се обиде да направи камбек, но и од кој не треба да се очекува многу.
Остатокот од тимот е исполнет со ислужени играчи како Вокер, Морнинг и Вилијамс, или пак со недокажани момци како Рајт, Симиен и Кук.
Проблем е плејмејкерската позиција на која е Вилијамс, како и таа на ниско крило на кое според најавите ќе стартува преспориот Вокер.
Во плеј-оф ќе играат ако…
Она што делуваше како невозможни пред само година дена полека станува реалност во Мајами кој оваа сезона доколку работите не им одат во прилог може да го пропуштат плеј-офот. Нормално, тоа нема да биде така доколку Вејд и Шек немаат проблеми со повредите, но бекот нема да игра во првиот месец од сезоната, додека центарот има 36 години и е се посклон кон повреди. Со оглед на тоа дека Истокот се засили ова лето, на топ тандемот покрај здравјето, ќе треба да ги послужат и соиграчите кои се со сомнителен квалитет.
Што велат скаутите…
“Доколку Шек и Вејд немаат проблеми со повредите и играат како што најдобро знаат, Мајами е тим со кого никој нема да сака да се сретне во плеј-офот”…”Хаслем е совршена ‘четворка’ за нив поради неговиот добар шут од дистанца и скок”…”Овој тим морате да го натерате да шутира, затоа што немаат докажани шутери”…Имаат многу прашалници како Вокер, Вилијамс и Рајт, но с$ додека ги имаат Шек и Вејд ќе бидат опасни за секого”.

Ѕвезда
Двејн Вејд сигурно е една од најголемите НБА ѕвезди во моментов и со неговите 25 години сигурно ќе остане на ова ниво уште некое време. Сепак, повредите и заморот го стигнаа минатата сезона во која тој не можеше да биде од вистинска помош за своите соиграчи. Уследија операции на проблематичното рамо и колено ова лето поради кои тој најверојатно ќе го пропушти првиот месец од новата сезона.
Со талентот кој го располага и со вистинска рехабилитација сосема е јасно дека Вејд ќе биде лидер на Мајами, а одморот кој можеше да си го приушти ова по ланското крајно напорно лето би требал добро да му дојде и да му даде свежина во играта. Местото во ол-стар тимот на Истокот му е загарантирано.
October 28th, 2007
ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА - ДИВИЗИЈА SOUTHEAST
АТЛАНТА ХОУКС
Сопственик: “Атланта Спирит ЛЛЦ”
Претседател: Берни Малин
Генерален менаџер: Били Најт
Арена: “Филипс Арена”, отворена на 04.11.1999 год.
Капацитет: 20 007 гледачи
Вредност на клубот: 262 мил. долари (23. во лига)
Историја:
Сезони: 58
Плеј-оф пласмани: 36
Пласмани во финалето: 3
Титули: една - 1958 год.
Најдобра сезона: 1986-87 и 1993-94 со скор 57-25
СЕЗОНА 2006-07:
30 победи и 52 порази
Плеј-оф: Не беа дел од разигрувањето
Постигнати поени: 93.6 (30.)
Примени поени: 98.4 (15.)
Шут од игра: 44.4% (28.)
Стрелец: Џ.Џонсон 25.0
Скокач: Џ.Смит 8.6
Асистент: Џ.Џонсон 4.4
Дојдоа: Ал Хорфорд и Ејси Ло (драфт)
Заминаа: Естебан Батиста (Бостон), Ројал Ајви (Милвоки), Слава Медведенко (слободен)
Прва петорка: (замени)
Ејси Ло (С.Клекстон)
Џо Џонсон (С.Стадемаер)
Џош Смит (Џ.Чилдрес)
Марвин Вилијамс (А.Хорфорд)
Заза Пачулиа (Ш.Вилијамс)
Тренер: Мајк Вудсон

Анализа:
По подолго време Хоукси можат да се пофалат со талентиран плеј во 11. пик од драфтот Ејси Ло, кој по четири години минати на Тексас АМ универзитетот влетува на местото на стартен организатор на играта покрај поискусните Клекстон, Лу и Ентони Џонсон. Најголема корист од доаѓањето на Ло би требала да има првата ѕвезда на тимот Џо Џонсон кој веќе нема да мора да се грижи за организација на играта. Покрај Ло, Хоукси со третиот пик го избраа Ал Хорфорд кој одлично се вклопува во нивната ротација и би требал веднаш да помогне во скокот и одбраната на рекетот.
Сепак, играчот од кој најмногу се очекува оваа сезона е Џош Смит, кој во трите свои досегашни сезони покажа дека е невиден атлет и ол-араунд талент. Тој во комбинација со имењакот Чилдрес, Марвин Вилијамс, од кој исто така се очекува напредок, Шелден Вилијамс и Заза Пачулиа и дава на Атланта надеж дека оваа сезона ќе има шанса за повеќе радост.
Во плеј-оф ќе играат ако…
Разигрувањето можеби е с$ уште само желба за фановите на Хоукси, но со оглед на изедначеноста на Истокот и младата и талентирана екипа која ја имаат тие можат да изненадат многумина оваа сезона. Клуч на секој успех ќе биде играта на плеј на Ло, или пак на неговите измени Клекстон и Лу, како и на брзината со која Хорфорд ќе се адаптира на НБА. Доколку с$ биде во најдобар ред, Хоукси ќе бидат една од најпријатните приказни оваа сезона.

Што велат скаутите…
“Ло секако треба да биде стартер, но останува да видиме како ќе се снаоЃа во одбраната против најдобрите плејмејкери во лигата”…”Лани имаа проблеми затоа што мислеа дека Џо Џонсон може да им игра плеј. Токму затоа не ги драфтуваа Дерон Вилијамс или Крис Пол, туку Марвин Вилијамс”…Џонсон е страшен шутер кого морате да го натерате да тргне на дриблинг”…”Смит израснува во голем играч, но останува под знак прашање неговата психичка подготвеност. Тој делува како да може да ја освои наградата за ‘Дефанзивец на годината’ и може да ја чува буквално секоја позиција”…”Марвин Вилијамс мора да покаже колку вреди. Тој, Смит и Чилдрес би можеле да бидат незгодни за секого”…”Пачулиа е солиден центар, но навистина им недостига вистинско присуство во рекетот. Проблем кој би можел делумно да го реши Хорфорд”…”Ќе победат на некои средби на кои тоа не се очекува од нив, но веројатно нема да направат нешто посебно оваа сезона”.
Ѕвезда
Џо Џонсон минатата година беше еден од само 12. играчи во лигата со просек од најмалку 25 поени и на моменти покажа ол-араунд квалитети со своите 4.2 скокови и 4.4 асистенции по средба кои го потврдија неговиот ол-стар статус. За негова, и несреќа на Атланта, тој го повреди бутниот мускул поради што настапи на само 57 средби.
Џонсон е еден од најопасните шутери во лигата, а поради подемот на некои од младите играчи и доаѓањето на Ло, сезонава би можел да има пад во просекот на постигнати поени, но не и во своето влијание врз играта на Атланта.
October 28th, 2007
Деновиве имавме мали проблеми со некои технички ствари, али по интервенција на една добра пријателка вир бек енд ранинг.
Пред да продолжам со привјуата кои останаа од Истокот, па оние кои следуваат од Западот, да шкртнам нешто за првото искуство од гледање на Кевин Гарнетво дресот на Бостон. На НБА ТВ во петокот навечер ги начекав Кавси во гости кај новото големо трио на Селтикси на затварање на претсезоната и од она што го видов, иако е рано за било какви заклучоци,
Под а.) Кеј-Џи ќе биде ѕвер и на Истокот, а со него и Бостон, кој покрај големото трио нема со што многу да се пофали. Ама како и многу пати до сега, играчи како Рондо, Перкинс (кои и не беа така лоши), Поузи, Дејвис, Хаус, Скалабрини итд. ќе делуваат како да знаат што прават на теренот.
Под б.) Кавси ќе бидат на големи маки сезонава. Хјуз покажа знаци на живот, Леброн ко Леброн, ама остатокот од екипа останува за нигде. Не им играа Гибсон и Сноу, како и преценетите Павловиќ и сајдшоу Боб кои се умислија па бараат милиони кои никој жив нема да им ги даде, ама како што се сега конструирани, мислам дека немаат шанси за ново финале.
October 28th, 2007