07-08 Привју: ВАШИНГТОН - Задња сезона со Визардси за Аринас?
ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА - ДИВИЗИЈА SOUTHEAST
ВАШИНГТОН ВИЗАРДС
Сопственик: “Вашингтон Спортс енд Ентертејмент”
Претседател: Сузан О’Мели
Генерален менаџер: Ерни Гранфелд
Арена: “Веризон Центар”, отворена во декември 1997 год.
Капацитет: 20 600 гледачи
Вредност на клубот: 318 мил. долари (15. во лига)
Историја:
Сезони: 47
Плеј-оф пласмани: 25
Пласмани во финалето: 4
Титули: една - 1978 год.
Најдобра сезона: 1974-75 со скор 60-22
СЕЗОНА 2006-07:
41 победи и 41 порази
Плеј-оф: Елиминирани во 1. рунда од Кливленд
Постигнати поени: 104.3 (4.)
Примени поени: 104.8 (28.)
Шут од игра: 45.0% (23.)
Стрелец: Г.Аринас 28.4
Скокач: Е.Џејмисон 8.0
Асистент: Г.Аринас 6.0
Дојдоа: Олексеј Печеров (Европа), Доминик Мегваер и Ник Јанг (драфт)
Заминаа: Калвин Бут (Филаделфија), Џарвис Хејс (Детроит), Мајкл Рафин (Милвоки)
Прва петорка: (замени)
Гилберт Аринас (А.Дениелс)
Дешон Стивенсон (Н.Јанг)
Керон Батлер (Е.Блеч)
Ентоан Џејмисон (Д.Сонгаила)
Брендан Хејвуд (И.Томас)
Тренер: Еди Џордан
Анализа:
Со преминот на Гарнет и Реј Ален во Бостон и приклучувањето на Пол Пирс, како сите да подзаборавија на триото Аринас - Батлер - Џејмисон кое лани го носеше епитетот на најдобро на Истокот. Можеби причина за тоа беше елиминацијата на Вашингтон уште во првата рунда од плеј-офот, но тоа беше последица колку на добрата игра на Кливленд, толку и на отсуството на повредените Аринас и Батлер.
Тие немаат никакви проблеми кога станува збор за надворешните играчи, но тие настапуваат кога ќе спомене играта во одбрана и високите играчи, кои веќе некое време се дефицитарни во Вашингтон. Тоа не се смени ниту ова лето, па триото пак ќе биде единствената нивна надеж.
Во секоја од последните три сезони Визардси беа дел од плеј-офот, но таму не остварија некој поголем успех. Ова е трета сезона за нивното Големо трио и година по која Аринас ќе си ја провери вредноста на пазарот следното лето. Тоа ја прави новата сезона клучна за иднината на клубот по која или ќе продолжат по нагорна линија или ќе почнат од почеток.
Во плеј-оф ќе играат ако…
Истокот ова лето се засили, така да шансите за Визардси кои мируваа на пазарот не се нешто поголеми од лани. Нормално дека тие имаат шанси кога го имаат Аринас потпомогнат од Батлер и Џејмисон, но немањето ама баш никакво решение во рекетот значи и брза плеј-оф елиминација, доколку воопшто успеат да стигнат до таму.
Што велат скаутите…
“Аринас е еден од петте играчи кои се најтешки за чување во лигата. Тој е брз и сам може да им ја донесе победата. Исто така тежок за чување е и Џејмисон, затоа што може да поентира од секоја позиција на теренот”…”Имаат тројца играчи кои заедно имаат просек од 70 поени по средба”…”Единствена утеха е дека сите тројца се играчи кои сакаат да играат вон рекетот, што секако не им е од корист. Исто така, немаат некоја клупа, дозволувајќи им на доста момци да си заминат без вистински да ги заменат”…”Веројатно се еден од најслабите дефанзивни тимови на Истокот, а причина за тоа не е нивниот тренер. Доколку немате играчи кои сакаат да играат одбрана, нема да можете да сопрете никого. Гилберт не игра одбрана и тие се обидуваат да победат со постигнување повеќе поени и од најефикасните екипи”…”Играчите во рекетот, Сонгаила, Томас и Хејвуд не им даваат никаква сигурност”…”Имаа проблеми со повредите на Аринас и Батлер, но тоа веројатно нема да се повтори оваа сезона”…”Ги гледам на третото место во својата дивизија зад Мајами и Орландо”.
Ѕвезда
Во Вашингтон с$ почнува и завршува со Гилберт Аринас кој минатата сезона се промовираше во еден од најопасните стрелци и играчи кога во последните секунди се решава победникот. Во секоја од последните три сезони тој има просек не помал од 25 поени, но одбраната е тоа што му недостига во репертоарот. Лани тој беше на пат да има МВП сезона пред во април да го повреди коленото по што летово следуваше период на рехабилитација.
Аринас влегува во својата седма сезона и време е да созрее како комплетен играч, а со него би требале да созреат и Визардси. Задачата не е лесна, посебно со оглед на фактот дека потенцијалот на тимот е ограничен, а и поради камбекот по скорешната операција.
Add comment October 26th, 2007

